Како да ги отстраните дамките од вода на седиштето во автомобилот?

Како да ги отстраните дамките од вода на седиштето во автомобилот?

Ставивте шише вода на седиштето, но истече вода на него? Децата со влажни костими за капење влетаа директно во автомобилот и седнаа на седиштето? Остана голема бела дамка откако сè се исуши? Многу возачи се нашле во слична ситуација. Но, во продолжение прочитајте што можете да направите за да спречите грдите дамки да останат на седиштата во автомобилот.

Како да ги отстраните дамките од вода на седиштето во автомобилот?

Земете малку сода бикарбона, околу две до три лажици и посипете на влажните дамки. Оставете ја да стои преку ноќ, а потоа следното утро отстранете ја со правосмукалка.

Освен тоа што сè ќе биде суво, сода бикарбоната ќе спречи појава на непријатни мириси. За да избегнете ваква штета во иднина, секогаш ставајте ги влажните работи во багажникот и не заборавајте да ги извадите и да ги исушите.

Покрај тоа, редовно чистете го автомобилот со правосмукалка и отворете ги прозорците за да избегнете создавање непријатни мириси.

Прочитајте како да го изладите автомобилот што стоел на сонце за само 10 секунди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар