Како да ги носите 3-те најтешки стилови оваа пролет?

Како да ги носите 3-те најтешки стилови оваа пролет?

Автор: Софија Сионова

Почнувајќи од чизмите до глужд, патиките во неонски бои на кои се потпирате и им верувате дека ќе ви помогнат да ги завршите утринските обврски побрзо без никакви проблеми, па сѐ до машките оксофордки кои си ветивте дека мора да ги имате, овие чевли се меѓу најголемите хитови сезонава, но сепак претставуваат и предизвик кога станува збор за начинот на кој се носат.

Често се прашувате: „Дали може мене ова да ми успее“ (да) „Дали оксфордките се само за мажите?“ (секако дека не) и „Дали патиките треба да си останат само во салата за вежбање?“ (не). Ова е решението на вашите дилеми.

0-kako-da-gi-nosite-3-te-najteshki-stilovi-ovaa-prolet-kafepauza.mk

1. Спортски патики

Мешање и спојување

Патиките кои се во неонски бои ја нагласуваат забавата кога ќе се спојат со храбар животински принт. Сепак, внимавајте да не претерате со лудите идеи. Пример, иако леопардовиот дезен често привлекува погледи, црно-белата палета и широчината на фустанот ги неутрализираат и патиките, но и принтот.

1-kako-da-gi-nosite-3-te-najteshki-stilovi-ovaa-prolet-kafepauza.mk

Изгледајте посредено

Спортските обувки најчесто се кежуал, но ако сакате да изгледате малку посредено тогаш тие одлично ќе стојат со фустан со разни декорации на него, кожни хеланки и струкирано сако или палто. Друга тренди и удобна комбинација е здолниште со јазол и широк плетен џемпер.

Уживајте во комфорот

Да бидеме искрени, вашите нозе ќе ви бидат благодарни. Тие веќе искажаа благодарност кон модните богови за вметнувањето на патиките во модата.

2. Оксофордки

Прифатете ја дихотомијата

За андроген изглед облечете пантолони или фармерки заедно со оксфордките. Во случај женственоста да е ваша силна страна, создадете контраст така што ќе додадете кратко здолниште или цветен принт. А ако ги фаворизирате и двата стила, глок скејтерско здолниште, кошула со петар пан јака и тексас елек би изгледале извонредно.

2-kako-da-gi-nosite-3-te-najteshki-stilovi-ovaa-prolet-kafepauza.mk

Покажете малку кожа (поточно зглобовите на ногата)

Ако преферирате подолги пантолони, но не сакате да изгледате ниско, препорачливи се три-четврт пантолоните. Друга опција е да ги подвиткате. Покажувајќи малку кожа над оксфордките суптилно ја нагласувате вашата женствена форма на телото.

Експериментирајте со боите, текстурата и материјалите

Традиционалната комбинација на овие чевли е џемпери со баклави, плисирани здолништа и остри очила. Но како и повеќето Дизниеви ѕвезди тие еволуираа поништувајќи ги зададените маргини: светкави кожи, металик бои и сл. Ова се само неколку од варијантите на класичните оксфордки.

3. Чизми до глужд

Создадете оптичка илузија

Не се противете на фактот дека чизмичките до глужд кратат од висината. Одберете пар кој е блиску до вашиот тен (особено при носење чизми со голи нозе) за да ја издолжат ногата. Уште едно решение на овој проблем е облекување на тесни пантолони (пример: хеланки) со должина точно до чизмите.

3-kako-da-gi-nosite-3-te-najteshki-stilovi-ovaa-prolet-kafepauza.mk

Нагласете го зглобот

Ако немате проблеми со височината тогаш поиграјте си со зглобовите така што ќе ја истакнете нивната убавина. Тој е најтенкиот дел од ногата, а неговото нагласување е често е како скриена карта во ракавот. Како и кај оксфордките, дозволете им на вашите зглобови да се наѕираат од свитканите пантолони, притоа внимавајте да не бидат широки бидејќи скратуваат од линијата на ногата, затоа целете кон потесен крој.

Покажете се!

Уште една причина за избегнување на широките пантолони при носење на вакви чизми е затоа што чевлите треба да се во центарот на вниманието без материјалот да смета. Носењето фустани или здолништа е лесен начин за изразување на стилот и плус ќе ви донесат бројни комплименти.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар