Како да бидете среќни дури и кога сте повредени?

Како да бидете среќни дури и кога сте повредени?

Колку и да звучи контрадикторно, понекогаш единствениот начин да се справиме со фактот дека сме повредени како и болката која ја чувствуваме е обидот да останеме среќни и покрај сето она што ни се случува. Прочитајте во продолжение на кој начин можете да останете среќни дури и кога ви се чини дека целиот свет е против вас.

Како да бидете среќни дури и кога сте повредени?

1. Препознајте ја болката

Обидите преку кои ќе го одвлечете вашето внимание од болката нема да им стават крај на чувствата на болка и осаменост. Секогаш можете да ги измамите другите дека сè е во ред, но никогаш не можете да се измамите себеси. Затоа немојте да ја негирате вашата реалност дури и ако се чувствувате тажно и несреќно.

2. Откријте ја причината за вашата несреќа

Колку помалку знаете за изворот на вашата несреќа толку потешко ќе ви биде да се справите со неа. Затоа, секогаш кога ќе наидете на некаква ситуација која е особено непријатна за вас, анализирајте го вашето тело. Одвојте време за себеси и за сопствените мисли. Набљудувајте ги вашите постапки и обидете се да сфатите зошто се однесувате на одреден начин во одредени ситуации.

3. Покажете емпатија кон себе

Како што се запознавате себеси во текот на животот така развивате посебен однос полн со разбирање и грижа кон себе. Овој начин на поврзување со себеси ви помага и да ја развиете емпатијата кон сопственото „јас“. Преку него можете вистински да ја почувствувате сопствената болка, но и да добиете желба да се ослободите од истата. Ова може да значи вложување напор за надминување на недоразбирањата со личноста која ве навредила. Тоа може да претставува и помирување со болката и прифаќање на несреќата, како на пример во случај на смрт на член од семејството или драг пријател.

Откако прочитавте како да останете среќни дури и кога се чувствувате тажно и несреќно, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те митови за среќата што ве спречуваат да бидете вистински среќни.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар