Јога вежби за намалување на килограмите

Јога вежби за намалување на килограмите

Јогата ги координира сите делови во организмот да функционираат како едно и го доведува телото до оптималната тежина. Не очекувајте веднаш да добите тело како Жизел. Но, со редовна практика ќе добиете подобро обликувано тело и ќе блескате со самодоверба.

И не заборавајте да дишете правилно во текот на вежбите. Вдишувате низ нос, издишувате низ уста, во спротивно вежбите не би имале ефект.

1. Странично истегнување

1-Joga-vezhbi-za-gubenje-na-kilogramite-kafepauza.mk

Ова е поза која ги топи мастите од спојлерите и служи за истегнување на мускулите на бутовите.

Застанете странично со нозете широко поставени, исправете го нанапред стапалото на десната нога. Свиткајте го десното колено и испружете ја левата нога. Спуштете се што е можно подолу со колковите и потпрете го десниот лакт на десното колено. Кренете ја високо левата рака и следете ја со погледот.

Левата рака, која ви е испружена нагоре тегнете ја колку што можете повеќе, истото правете го и со левата нога која ви е испружена. Обидувајте се колковите да ви останат оптегнати. Многу е важно десното колено и глуждот да ви се во иста линија.

Ако сте флексибилни можете да ја спуштите десната рака од надворешната страна на десната нога. Тогаш поставете ја пазувата на коленото и задржете ја оваа поза во времетраење од 3 серии со правилно дишење, а потоа истово повторете го од левата страна.

2. Плуг

2-Joga-vezhbi-za-gubenje-na-kilogramite-kafepauza.mk

Ја балансира тироидната жлезда, ја подобрува работата на дигестивните течности во организмот и треба да се изработи колку што е можно побрзо.

Оваа вежба е напредна, па затоа мора да внимавате да не го повредите вратот, така што не ја вртете главата додека сте во оваа поза.

Легнете на грб и исправете ги нозете нагоре. Притиснете ги дланките на земја веднаш до колковите и почнете полека да ги поткревате колковите. Со рацете придржувајте ги колковите и буткајте ги нагоре. Ова е првата фаза која ќе ви успее тек по неколку обиди.

Ќе постигнете успех кога ќе ги поставите колковите над рамената. Држете ги ‘рбетот и нозете стегнати. Во ваквата положба нозете сè уште ви се поткренати над рамената. Последното ниво ќе го постигнете кога со брадата ќе го допрете градниот кош и ќе го држите грбот стегнат.

Во третата и последна фаза додека ви е цврсто оптегнат ‘рбетот, поставете ги прстите на нозете над главата и допрете ги до земја. Ова исто така ќе ги оптегне и вашите нозе.

Правете ја вежбата секој ден по двапати и пробајте да издржите неколку минути во позата.

3. Свртена полумесечина

3-Joga-vezhbi-za-gubenje-na-kilogramite-kafepauza.mk

Оваа поза се користи за стимулирање на дигестивниот систем.

Започнете така што ќе ги поставите нозете една до друга. Направете исчекор со десната нога нанапред (околу 120 см). Левата нога држете ја оптегната, а петата малку подигната.

Поставете го левиот лакт на десното колено и завртете се. Дишете полека и длабоко преку нос и направете ја вежбата во три серии со дишење. Доколку имате проблем со балансот, спуштете го левото колено на земја. Повторете ја истата поза од левата страна.

4. Брод

4-Joga-vezhbi-za-gubenje-na-kilogramite-kafepauza.mk

Ова ќе е од корист за вашите стомачни и грб. Седнете со нозете свиткани. Стегнете го задниот дел на колената и подигајте ги градите, а ‘рбетот држете го исправен. Потоа навалете се наназад, а ‘рбетот сè уште држете го затегнат. Ќе ги почувствувате стомачните како се активираат додека се навалувате. Дишете правилно и ќе си дадете дополнителна сила во текот на вежбава.

Потоа олабавете ги нозете и обидете се да ги испружите. Оваа поза задржувајте ја во 5 серии со дишење и исто толку пати повторувајте ја.

5. Штица

5-Joga-vezhbi-za-gubenje-na-kilogramite-kafepauza.mk

Оваа поза е за согорување на мастите во рацете и формира одлична дефиниција на мускулите.

Тајната на оваа поза е во тоа што ги активира сите делови да работат взаемно додека дишете. Дланките, рацете, нозете, срцето – сè работи како едно.

Легнете на стомак и поставете ги рацете во линија со рамената. Прстите држете ги раширени колку што можете. На почетокот ќе ве болат зглобовите, но со тек на време ќе ви се зајакнат мускулите и нема да ви претставува проблем. Поентата е да се држите навистина исправено, позата да личи на штица, не на планина, не на искривена лежалка. Рамената мора да бидат поставени во права линија со колковите и петите.

Плешките нека не ви излегуваат на надвор, пополнете го празниот простор помеѓу плешките. Повторувајте ја оваа вежба 5 пати по 5 серии со дишење.

Постојат и други видови од оваа поза коишто се поголем предизвик. На пример, поткренете ги спротивната рака и нога и балансирајте само со една рака и нога.

Можете да ја направите истава поза така што лактите и колената ќе ви бидат спуштени на земја.

6. Танчар

6-Joga-vezhbi-za-gubenje-na-kilogramite-kafepauza.mk

Оваа поза е добра затоа што ви ги протега бедрата, го истегнува грбот и рамената и доколку ја правите правилно ќе почувствувате како ви е активирано целото тело. Првата реакција кога ќе застанете на една нога ќе ви биде да престанете да дишете, не правете го тоа – продолжете да дишете.

Започнете така што ќе ги поставите стапалата еднододруго. Свиткајте го десното колено и поткренете ја десната дланка. Фатете го стапалото од внатрешната страна (тоа ќе ви овозможи да ги истегнете наназад рамената), повторно доведете ги колената еднододруго и испружете ја левата рака со која ќе балансирате.

Полека израмнувајте ги десниот и левиот колк така што ќе дојдат во иста линија. Држете го исправено градниот кош и туркајте кон раката која ви е одзади.

На почетокот ќе имате проблеми со балансот, па можете да се придржувате на ѕид, но внимавајте да не станете зависни од него. Повторувајте ја позата на двете страни по 5 серии со дишење.

7. Прасарита

7-Joga-vezhbi-za-gubenje-na-kilogramite-kafepauza.mk

Оваа поза ја регулира вознемиреноста и помага во работата на дигестивниот систем.

Застанете со двете нозе широко раздвоени и по малку одвојте ги и прстите на нозете. Наведнете се надолу и држете ги нозете стегнати. Ќе почувствувате истегнување во грбот и нозете. Фиксирајте ги колковите над глуждовите и одмарајте го вратот со главата крената нагоре. И одеднаш, ќе се изненадите кога главата ќе ви се протне помеѓу нозете.

Практикувајте ги овие вежби и јадете свежо овошје и зеленчук. Намалете со алкохолот и со преработените шеќери и со тек на време ќе ги намалите килограмите.

Бидете упорни!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар