Изваден заб: што потоа?
Гостински пост: д-р Гоце Крстиновски
Загубата на само еден заб во усната празнина незабележливо почнува да влијае на состојбата на останатите заби. Иако во прво време се чини неверојатно, треба да знаете дека промените што ќе ги претрпат останатите заби и коската низ годините, може да доведат до загуба на други заби. Со тоа се намалува способноста за џвакање, и како што се зголемува бројот на загубени заби, имате проблеми со изговорот, ги губите естетиката и самодовербата. Погледнете на анимацијата како се случува тоа:
Затоа, реставрирањето на изгубените заби претставува обврска кон вашето здравје. Она што треба да го знаете за начините на надоместување на забите е следново:
1. Сите досегашни студии покажале дека денталните импланти се најсигурниот и најпредвидливиот начин да се третира губењето на забите. Светот веќе го одбележа 30-годишното искуство во поставувањето на дентални импланти, а стручњаците ја оценуваат успешноста на процедурата со над 97% во рамки од 10 години.
2. За разлика од денталните мостови, за кои е потребно состружување на најчесто здрави заби, денталните импланти се фиксирани за коската во која претходно бил сместен извадениот заб. Со тоа најреално се имитира природната всаденост на забите внатре во виличните коски.
3. Идеалната замена за забот кој се вади, со некои исклучоци, се прави при истата посета, со тоа што веднаш по вадењето се поставува имплантот заедно со привремен заб. На тој начин се постигнува максимално зачувување на естетиката и воопшто нема да ги почувствувате последиците од вадењето на забот.
Информирајте се! Со соодветна нега, денталниот имплант ќе Ве служи доживотно.
Авторот е специјалист по орална хирургија и имплантологија
контакт-имејл: gocebt23@yahoo.com
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
реклама 🙂
Убаво, не, преубаво, но почитуван Крстиновски земајки ја предвид просечната плата на еден македонски граѓанин која изнесува 300 евра (како факт, но не и во реалноста), и цената на еден имплант којшто изнесува 600 евра, плус дополнителни трошоци за сите други хируршки интервенции и ставањето на забот којшто изнесува 50 евра од заб, се прашувам дали некој во Македонија воопшто би го посакал, а камо ли да си го дозволи!? Останува само македонците од дијаспората да си ги дозволат овие забни имлпанти, а ние македонштината да се задоволиме со визил протезите, обичните вилици ( читај пластика во уста), и за наша среќа кој може да си дозволи да си стави порцелан, како подостапна варијанта , сепак не за секого!!! Инаку убава, информативна статија!
Во право сте, од аспект на статистичката реалност на просечните македонски приходи, така е! Но, во некоја наредна статија ќе се потрудам да добиете и поопширно соочување на фактите помеѓу медицината и економијата. Јас работам во Македонија, и за среќа, не морам да ги чекам само пациентите од дијаспората за да работам :)))! Постои можност тоа што Ви се чини поефтино на почетокот, да излезе поскапо во текот на животот.
ke ve suredat ako stavat implant vednas po vadenjeto na zabot!eeeee!!!!!toa ti se nasive specijalisti implantolozi ne e bitno kako bitno pari da se zemat!
Хм…како мислите „НАШИВЕ“ имплантолози? Процедурата која ја поврзувате со туку-така земање на пари се вика immediate implantation, и во моментов е задолжена за постигнувањето на врвна естетика со имплантите. Не ми верувајте мене, прашајте го Google 🙂 . Сепак ако коментарот е резултат на некое лошо искуство, споделете го.
Zalno e shto e tie shto mozat da si dozvolat ne si go cenat oralnoto zdravje i ke dadat 1000 evra za plastichen nos ili silikoni vo usta….a zabite crvosani…
..100 evra za shminka i frizura ke se soberat a 300 evra za zab ne…..
NIKOJ ne raboti za bez pari …”debelo” plateno shkolo….”debelo”naplateni uslugi….koj za shto si uchel…..