Измешајте ги овие 3 состојки и ставете ги на вашата коса. Резултатот е неверојатен!

Измешајте ги овие 3 состојки и ставете ги на вашата коса. Резултатот е неверојатен!

Циметот не е само ароматичен и здрав зачин, тој исто така е и сигурна алтернатива на сите комерцијални хемикалии за избелување на вашата коса. Тој не само што ќе ви помогне да ја осветлите вашата коса, туку и ќе ја направи посјајна, помека и свилена на допир, додека истовремено ќе предизвика и да ви мириса одлично.

Измешајте ги овие 3 состојки и ставете ги на вашата коса. Резултатот е неверојатен!

Кога станува збор за маска за коса составена од цимет, вие не само што ќе можете да ја постигнете посакуваната боја за коса, туку и ќе ги зајакнете фоликулите на влакната и ќе го забрзате нивниот раст. Ова се случува под влијание на фактот што циметот е богат со витамини и антиоксиданси. Најдобриот ефект се постигнува кај оние кои имаат светло кафеава коса, па со само еден третман можат да ја осветлат својата коса за 2 до 3 нијанси.

Бринетите треба да бидат малку потрпеливи и да ја повторат постапката неколку пати, но имајте на ум дека во ретки случаи, поради структурата и бојата на косата, може да не добиете никакви резултати. Но, нема што да изгубите доколку пробате.

Потребни состојки:
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици цимет
  • 5-6 лажици балсам за коса
Начин на подготовка и употреба:

Количината на овие состојки е прилагодена за една употреба на долга коса. Доколку имате коса со средна должина (до рамена), преполовете ги состојките.

Во еден сад измешајте ги медот и циметот. Мешајте полека, со цел добро да се соединат. Кога смесата добро ќе се комбинира, додајте го балсамот за коса и повторно добро измешајте.

Најпрво добро измијте ја вашата коса, како и секогаш претходно, а потоа кога таа малку ќе се засуши исчешлајте ја со широк чешел и поделете ја на прамени. Нанесете ја смесата на косата со помош на четка за фарбање и внимавајте темелно да го поминете секој прамен. Доколку ви е попријатно, можете да ја нанесувате смесата и со раце, така што ќе ја триете во косата. Внимавајте да не нанесете од смесата на лицето бидејќи може да ви се појави благо црвенило или иритација. Исто така, немојте да нанесувате ни на скалпот.

Откако ќе ја нанесете маската, подигнете ја косата и замотајте ја во мала пунџа. Ставете најлонска кеса на главата и замотајте ја со пешкир. Држете ја така 30-тина минути, а потоа тргнете го пешкирот и чувајте ја кесата уште 4 до 5 часа на вашата коса. Потоа темелно исперете ја со топла вода. Резултатот ќе ве изненади, вашата коса ќе биде посветла и до 3 нијанси.

Ако сакате уште повеќе да ја осветлите, повторете го овој третман неколку пати. Оваа маска особено ќе им одговара на оние кои имаат мрсна коса. Ако имате сува коса, во маската слободно додајте и 1 лажичка маслиново масло.

Предупредување: За време на третманот, нормално е да чувствувате благо пецкање, додека пак маската има ефект само на природна коса, а не на фарбана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар