Изгубени сте затоа што можеби сте престанале да се слушате себеси

Изгубени сте затоа што можеби сте престанале да се слушате себеси

Можеби сте изгубени затоа што барате одговори од луѓето кои ги имаат истите прашања како и вие. Се обидувате да ја најдете вистинската насока следејќи ги оние кои тргнале по погрешен пат. Можеби сте изгубени затоа што барате љубов од оние кои не ве љубат вистински. Можеби ги слушате токму луѓето кои не знаат што е најдобро за вас.

Изгубени сте затоа што можеби сте престанале да се слушате себеси

Живееме во постојана бучава, хаос, непроверени совети, недоучени лекции и неморални правила. Сте го изгубиле гласот. Сте го изгубиле правецот. Сте се изгубиле себеси.

Можеби сте збунети затоа што ги слушате луѓето кои не се согласуваат за ништо, луѓето кои не размислуваат и не чувствуваат како вас.

Можеби се плашите затоа што сите ви велат дека мора да играте на сигурно. Да бидете мирни. Да се држите понастрана од работите што би можеле да остават лош впечаток за вас. Можеби не се чувствувате доволно добро затоа што дури и луѓето кои ве сакаат, ве осудуваат, критикуваат и не ве разбираат.

Можеби треба да направите пауза. Да се одморите од луѓето, дури и од најблиските. Треба да поминете време сами за да заборавите на сите начини на кои ве гледаат луѓето и да можете јасно да се видите себеси. Треба да поминете време сами за да ја сослушате сопствената тишина наместо зборовите што луѓето не ги изговараат кога потајно ве осудуваат. Можеби треба да поминете време сами за да сфатите кои сте, без луѓето да ви кажуваат кои би требало да бидете.

Можеби не се чувствувате силни затоа што сте им ја препуштиле моќта на другите кога не сте можеле да си верувате себеси и кога сте мислеле дека луѓето околу вас знаат повеќе и се покомпетентни за да ги донесуваат вашите одлуки.

Можеби сте изгубени затоа што сте престанале да бидете искрени кон самите себеси и сте се обидувале да се вклопите. Сте сакале да припаднете некаде и да бидете дел од нешто каде што не припаѓате воопшто.

Изгубени сте затоа што наместо да пробувате да се најдете себеси, вие само сте ја следеле толпата. Сте следеле нечиј друг план. Сте следеле нечие друго срце и мислење.

Можеби треба само да застанете. Треба да се ставите себеси на прво место и да верувате во вашата храброст и способност да го следите сопствениот план. Слушајте ја вашата интуиција. Одете во друга насока. Најдете го местото каде што навистина припаѓате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар