Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Шеесеттите години на минатиот век засекогаш ќе останат запаметени во светот на модата. Погледнете како може да го доловите тој ретро гламур, преку следните неколку лесни чекори.

Црн туш за очи

Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Не може да се зборува за шеесеттите, без да се спомне тушот за очи. Погледнете ги фотографиите на Одри Хепберн и Брижит Бардо, и веднаш ќе го разберете тоа. Најдобро е да користите црн туш за очи и да го нанесувате во дебели линии.

Бледи усни

Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Популарни во шминката од шеесеттите се и бледите усни, што пак совршено се совпаѓа со силно истакнатите очи. Изгледот е суптилен, заводлив и гламурозен. Она што треба да го направите е да нанесете пудра или коректор на усните, пред да ставите кармин или сјај во бледа нијанса.

Тапирана коса

Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Уште еден хит во шеесеттите. За да постигнете таков изглед, тапирањето е неизбежно. Косата можете малку да ја истапирате, да ја исчешлате наназад, а од рамениците надолу да направите големи, брановидни локни. Или пак, истапирајте ја, па врзете ја во опавче. Ако ви требаат повеќе идеи, најдобро е да побарате туторијали на интернет.

Патец на средина

Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Ова е најлесниот начин да се долови изгледот од шеесеттите. Единствено што треба да направите е да ја поделите косата на средина и да ја исфенирате. Ако пак сакате нешто поинтересно, врзете ја во две опавчиња или две плетенки.

Мини здолниште

Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Најголемото модно наследство од овој период е секако мини здолништето. Постојат безброј модели на мини здолништа, а она што е важно е да го изберете оној модел, кој најмногу одговара на вашата фигура.

Смели шарени ткаенини

Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Типични за шеесеттите се светлите, смели, шарени ткаенини. Бидете смели и додадете едно такво парче облека во вашиот плакар.

Впечатлив капут

Изгледајте ретро и гламурозно како во шеесеттите

Струкираниот капут, исто така е дел од гламурот на оваа модна декада. Ги има во најразлични бои, шари и тонови, а најдобро е да го изберете оној во кој вие изгледате највпечатливо и се чувствувате најсамоуверено.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар