Изберете идеална боја на кармин според бојата на вашата коса
Карминот e можеби наједноставната и најевтината шминка која ќе ве направи поатрактивни и која ќе ги освежи вашето лице и изглед. За момент можете да се трансформирате во убавица без многу труд и потрошено време. Доколку брзате за на состанок или доцните за на работа и немате време да се нашминкате, доволно е да ставите само кармин и ќе изгледате занесно и одморено.
Сепак, секоја боја на кармин не ѝ прилега на секоја жена! А тоа сигурно сте го забележале и на ваша кожа. Начинот на кој ќе го одберете карминот според бојата на вашата коса во голема мера ќе одреди дали ќе изгледате складно или не.
Доколку сте платинеста русокоса најдобро е да изберете нежна и блага шминка во природни нијанси, а на усните да нанесете јак црвен кармин. Светлата коса и јакиот кармин се совршен контраст, а како русокоса ќе делувате неодоливо секси со боја која им дава исполнетост на вашите усни. Дури и карминот во портокалова боја се препорачува за девојките со светла боја на коса.
За девојките и жените кои имаат темно руса коса, совршен избор би бил карминот во розова боја. Јаката розова боја не е препорачлива за сите русокоси. Најдобро им стои на оние жени кои имаат природно руса нијанса на коса. Платинестите русокоси би требало да ја избегнуваат оваа нијанса.
Ако имате светло кафеава коса на вашите усни може да ставите скоро сè. Од црвен и розов кармин, па сè до најнеобичните нијанси на сина, зелена, портокалова и боја на црвено вино.
Доколку имате темна боја на коса, избегнувајте ги посветлите нијанси. Најдобро е да користите мат кармини во крем нијанси, а за вечерни излегувања изберете кармин во боја на црвено вино.
Црната боја на коса исто така поддржува потемна шминка и кармини во потемни нијанси. Светлиот кармин, како и сенките за очи, може да направат да изгледате нескладно и вашето лице да изгледа претерано светло и бледо во однос на бојата на вашата коса. На усните нанесете кармин во боја на црвено вино, виолетови или темно црвени нијанси.
Црвената и огнената боја на коса се одлични за експериментирање и се препорачува да користите кармини во кафеава боја и боја на лешник. Избегнувајте ги црвените и розовите нијанси на кармин. Кармините во сите останати бои може без проблем да ги користите.