Избегнувајте да ги кажувате овие 10 работи ако имате премногу чувствителен партнер
Премногу чувствителните партнери најчесто се емоционално интелигентни, внимателни и секогаш спремни да зборуваат за животните проблеми. Покрај овие предности, да се биде во врска со премногу чувствителен партнер може да биде и тешко, пред сѐ поради тоа што многу е лесно да му/ѝ ги повредите чувствата. Тие ги паметат работите кои сте им ги кажале, макар и тоа да било мал коментар на кој вие не сте обрнале посебно внимание. Наместо да го/ја осудувате поради ова, трудете се да ги избегнете следниве работи што најверојатно не му/ѝ се допаѓаат воопшто.
1. Не кажувајте им дека се премногу чувствителни
Можеби мислите дека фразите од типот „Премногу лично ги сфаќаш работите“ ќе бидат корисни, но вистината е дека тие може ова да го сфатат навредливо или пак да почувствуваат дека ги осудувате. Подобро е да ги задржите овие коментари за себе.
2. Не бидете саркастични
Се разбира дека е дозволено одвреме-навреме да се пошегувате, но имајте на ум дека сарказмот може да биде погрешно сфатен. Затоа, бидете внимателни со своите шеги.
3. Не им кажувајте дека треба да бидат повеќе опуштени
На пример, доколку сте излезени некаде, наместо да го терате вашиот партнер да пие повеќе и да се забавува, бидете задоволни што сепак бил подготвен да дојде со вас. Премногу чувствителните луѓе не умеат секогаш бргу да се опуштат.
4. Бидете до нив ако им треба рамо за плачење
Можеби од почетокот партнерот ќе го смета ова за непријатно, но со текот на времето ќе се опушти, па затоа, важно е да бидете до него/неа кога сте му/ѝ најпотребни.
5. Избегнувајте да им ги споменувате нивните болни точки
Секој од нас има болни точки што може да предизвикаат бурна емоционална реакција. Ова особено важи за премногу чувствителните личности. Ако вашиот партнер е таква личност, тогаш избегнувајте да ги започнувате овие теми.
6. Не обидувајте се да им вршите притисок
Премногу чувствителните личности се карактеризираат и со голема нерешителност. Затоа, опуштете се и дајте му/ѝ го потребното време за да донесе одредени одлуки.
7. Обидете се да не звучите обесхрабрувачки
Премногу чувствителните партнери не се вклопуваат бргу во новите ситуации, па тие честопати ги избегнуваат другите луѓе, особено оние со кои не се запознаени. Затоа, трудете се да ги извадите надвор од нивната удобна зона, но задржете си ги сите други коментари за себе.
8. Не кажувајте им како да се однесуваат
Чувствителните луѓе премногу размислуваат, па затоа, не е добра идеја да ги терате да направат нешто или да ги убедувате во некои работи.
9. Задржете си ги критиките за себе
Ова не значи дека не треба воопшто ништо да му кажете на вашиот партнер, но потрудете се да избегнувате да ги посочувате неговите недостатоци. Разгледајте ја подетално ситуацијата за да не направите да се чувствуваат уште полошо.
10. Запаметете дека тие не ве осудуваат
Премногу чувствителниот партнер ќе ви укажува на многу работи, а и постојано ќе ви поставува прашања од типот: „Дали си добро?“ или „Дали се случува нешто?“ Не сфаќајте ги погрешно, тие само се обидуваат да ве разберат подобро.