Сите ние сме совршено несовршени

Сите ние сме совршено несовршени

Пауло Коелјо знае да пронајде зборови со кои ја допира сржта на проблемите и ги кажува на начин едноставен за разбирање. Еве што тој мисли за опседнатоста со идеалите за убавина.

Сите ние сме совршено несовршени

Убавината не лежи во тоа сите да сме исти, туку во различноста.

Можете ли да замислите жирафа без долг врат или кактус без боцки?

Врвовите на планините кои нè опкружуваат не се исти меѓу себе и затоа оставаат толку моќен впечаток. Ако беа сите исти, сигурно немаше да го привлекуваат нашето внимание.

Тоа што нè воодушевува и нè привлекува е несовршеноста.

Кога гледаме во кедрово дрво, не мислиме: „Сите гранки треба да бидат исти“. Наместо тоа, велиме: „Колку силно изгледа ова дрво“.

Кога ќе видиме змија, не си велиме: „Таа лази по земјата додека јас одам со високо исправена глава“. Наместо тоа си мислиме: „Можеби е мала, но нејзината кожа е толку разнобојна, нејзините движења се елегантни и е многу помоќна од мене.“

Кога камилата ќе ја помине целата пустина и ќе нè однесе онаму каде што сме тргнале, не кажуваме: „Грбава е и има грди заби“.

Наместо тоа си помислуваме: „Таа ја заслужува мојата љубов поради нејзината лојалност и помош што ми ја дава. Без неа не ќе можев да го истражувам светот“.

Зајдисонцето секогаш е поубаво кога е покриено со неправилно формирани облачиња, затоа што само тогаш може да се рефлектираат сите убави бои од кои се создадени соништата и поезијата.

Жалете ги оние кои велат: „Не сум убав/а. Затоа љубовта не тропа на мојата врата“.

Вистината е дека љубовта чукнала, но кога ја отвориле вратата тие не биле подготвени да ѝ посакаат добредојде.

Тие биле презафатени обидувајќи се прво да се разубават, кога, всушност, биле убави такви какви што се.

Се обидувале да имитираат некој друг, додека љубовта барала оригинал.

Тие се обидувале да ја рефлектираат надворешноста, заборавајќи дека најголемата светлина доаѓа однатре.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар