Искрено отворање на срцето: Зошто сакам старомодна љубов, а не играње игри?

Искрено отворање на срцето: Зошто сакам старомодна љубов, а не играње игри?

Во денешно време стана сосема нормално да се запознаваме на Интернет, да си разменуваме профили наместо телефонски броеви и да ги поминуваме љубовните состаноци заедно со телефоните, известувајќи ги социјалните мрежи за сите „поважни“ моменти од заедничкото излегување. Иако технологијата и трендовите на многу начини ги олеснија и освежија нештата, сепак многумина од нас сѐ уште трагаат по љубов каква што имало порано. Љубов која е искрена, љубов која се базира на зборување и слушање во живо, љубов во која слободно можеш да кажеш како се чувствуваш…

Една девојка се почувствувала преплавена со емоции од денешните врски, па решила да си го отвори срцето и искрено да ни каже дека трага по старомодна љубов. Еве зошто…

Искрено отворање на срцето: Зошто сакам старомодна љубов, а не играње игри?

Сакам старомодна љубов во која работите се одвиваат полека, љубов во која нема сѐ да се случува со најголема брзина.

Сакам да излегуваме на состаноци, сакам да ја разберам личноста којашто е со мене, да ја слушам како зборува и да ја гледам како се однесува во живо, а не онлајн.

Сакам некој да ме викне на прв состанок, а не на „мување“.

Сакам да поминам време подготвувајќи се за тоа излегување, да се радувам танцувајќи низ собата заедно со пријателките. Сакам да дојде по мене и да ми летаат пеперутки во стомакот додека одам кон неговата кола.

Сакам да седам со него во ресторан и сериозно да разговараме за важни работи. Не сакам да слушам озборувања или да зборувам за најновите трендови. Сакам да зборуваме за животот, за нашето потекло, за нашето детство…

Сакам да слушам што има да ми каже додека седи спроти мене и сакам и тој да го прави истото. Не сакам да се натпреварувам со неговиот мобилен телефон и да се мачам да го придобијам неговото внимание.

Искрено отворање на срцето: Зошто сакам старомодна љубов, а не играње игри?

Сакам потоа да појдеме на прошетка бидејќи вечерта поминала добро. Сакам да одиме под уличните светилки, да се смееме и да се чувствувам исполнета со надеж. Сакам да ме испрати до дома, до мојата влезна врата.

Сакам да ја почувствувам неговата трема и возбуда пред да се обиде да ме бакне, без очекувања дека треба да ја поминеме ноќта заедно и одма да се ставиме во петта брзина.

Но, најмногу од сѐ, сакам навистина да го каже она што го мисли на крајот од состанокот. Сакам да биде искрен и да ми каже дали му било забавно и сакам тоа да го мисли. И ако каже дека ќе ми се јави за да се видиме повторно, тоа да биде навистина така.

Не сакам со денови да чекам и да се надевам дека ќе ми прати порака или дека ќе напише нешто за мене на социјалните мрежи. Сакам да ми се јави, сакам да му го чујам гласот. Не сакам играње игри, не сакам правила, сакам искреност и директност.

Ако сѐ помине добро и тој навистина се јави, сакам старомодна љубов. Сакам да дојде и да ме изненади со цвеќе. Сакам да м ја придржи вратата на излегување, бидејќи така треба.

Не сакам многу подароци, не ми треба статус „во врска“ на Фејсбук, само сакам некој директен и искрен… Некој за кој нема да се преиспитувам дали ме сака и дали сака да биде со мене или не.

Сакам да ми донесе нешто кога ќе бидам болна. Сакам некој којшто ќе планира состаноци за кои јас нема да знам ништо однапред. Сакам некој кој ќе смислува романтични ситници за мене, бидејќи тие ситници се најважни.

Сакам некој кој ќе се бори за нас кога работите ќе станат тешки. Не некој што ќе си замине. Сакам некој со кој ќе можам да разговарам за нашите проблеми. Сакам некој кој нема само да стане и да си отиде, бидејќи проблемите се неизбежни, но секогаш може да се најде решение.

И освен сите желби кои ги имам, имам и многу љубов во себе која можам да ја дадам.

Сакам да му подготвам утринско кафе и појадок. Сакам да го изненадам со романтични потези како што го сакам истото и од него. Сакам да се грижам за него кога е болен. Сакам да му пишувам пораки на ливчиња и да му се јавам кога ќе го нема подолго време. Сакам да правам повеќе за него одошто ќе очекувам тој да прави за мене.

Сакам некој кој сака љубов каква што имале нашите баби и дедовци, бидејќи она што го имам научено од нив е дека тие успеале да опстојат заедно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар