Исхрана која ги решава сите проблеми со варењето на храната
Понекогаш е доволно да се отстрани една намирница за да ги ублажите непријатните дигестивни симптоми, но понекогаш е потребно да се отстранат неколку видови храна. Проблемите со варењето на храната ќе исчезнат кога во менито ќе вклучите храна што го промовира растот на добрите цревни бактерии, а истовремено ја отстраните онаа што го поттикнува растот на лошите бактерии. Здравјето на цревата влијае на метаболизмот, на складирањето енергија и на хормоните на глад. Умереноста помага во контролирањето на овие процеси, што на крајот доведува до слабеење. Кога лошата исхрана, пиењето алкохол, земањето лекови (вклучително и антибиотици) и високото ниво на стрес ја нарушуваат рамнотежата на добрите и лошите бактерии во цревата, се јавуваат проблеми со варењето на храната. Покрај надуеност и запек, често се јавува и болка во стомакот.
Во продолжение прочитајте која храна треба да ја ограничите и да ја избегнувате:
Преработени житни култури
Рафинираните јаглехидрати (бел леб и тестенини од бело брашно) ги хранат лошите бактерии во дигестивниот систем. Ова може да ја намали количината на добри бактерии и да доведе до воспаление. Преработените јаглехидрати потешко се разградуваат и почесто предизвикуваат непријатни гастроинтестинални симптоми.
Индустриска храна
Овие производи имаат многу малку хранливи материи и се идеална средина за микробите што предизвикуваат воспаление. Преработената замрзната и конзервирана храна честопати е скриен извор на глутен што им пречи на многумина.
Храна богата со масти
Иако мастите се неопходни, премногу мрсната храна го отежнува движењето на дебелото црево. Пржената храна ги влошува симптомите како надуеност, гадење, гасови и дијареја, па затоа треба да биде ограничена.
Млечни производи
Кога станува збор за млечните производи, важно е да бидете умерени. Исхраната со малку млечни производи (на пример, медитеранската диета) ја зголемува количината на добрите бактерии и го намалува бројот на лошите бактерии. Избегнувајте млечни производи со висока содржина на лактоза.
Црвено месо
За да ги заштитите цревата, намалете ја употребата на црвено месо како свинско, говедско и јагнешко, особено кога станува збор за месните преработки. Не само што содржи многу заситени масти, туку црвеното месо го намалува и нивото на добрите бактерии.
Вештачки засладувачи
Тие не се апсорбираат во тенкото црево и стигнуваат речиси непроменети до дебелото црево. Тука ја нарушуваат рамнотежата на бактериите предизвикувајќи гасови и дијареја. Избегнувајте сокови и газирани пијалaци кои речиси секогаш содржат вештачки засладувачи.
Во продолжение прочитајте која храна е добра за цревните бактерии:
Овошје и зеленчук богати со растителни влакна
Јадете колку што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук кои содржат пробиотички влакна и супстанции кои ги стимулираат добрите бактерии во цревата.
Интегрални житарки
Интегралните житарки како овес и јачмен ќе го подобрат вашиот микробиом, но секогаш бирајте ги оние без арома, што не содржат додадени сол и шеќер.
Храна богата со здрави масти
Омега-3 и омега-6 мастите присутни во лененото семе, мрсната риба, јајцата и оревите се добри за цревната флора и треба да се јадат секојдневно. Покрај исхраната, физичката активност и доволното спиење ќе ви помогнат во заштитата на цревата.
Прочитајте кои 8 намирници ги менуваат состојките во различни услови.