Исчистете сè по ред: 7 трикови со детергент за перење алишта
Детергентот за перење алишта, течен или прашок, може да се користи за чистење подови, одзатнување канализација, перење автомобили и многу повеќе. Сепак, користете мала количина и некој поблаг детергент.
1. Одзатнување на канализацијата
Пред да повикате водоводџија, истурете 1/4 чаша течен детергент, а потоа потурете ја со 3,5 до 4,5 литри врела вода.
2. Повеќенаменско чистење
Измешајте 1/3 чаша варикина, додајте околу 4 литри вода и една лажица прашок за алишта. Оваа мешавина можете да ја користите за бришење на ѕидовите и површините во бањата.
3. Теписи
Логично е дека детергентот, создаден за отстранување дамки од облеката, има ист ефект и врз теписите. Едноставно нанесете малку сув детергент на дамката, а потоа нежно тријте го со влажна крпа. Оставете да дејствува 5-10 минути, а потоа исплакнете.
4. Перење автомобили
Детергентот за перење алишта ќе заврши одлична работа за чистење на нечистотијата од вашиот автомобил, но внимавајте да не го користите премногу. Една лажичка во кофа со вода е доволна. Бидете сигурни дека користите благ детергент за да избегнете оштетување на бојата на автомобилот.
5. Перење подови
Ензимите од детергентот за алишта совршено ги чистат подовите. Користете лажичка детергент во кофа со вода, но задолжително исцедете го џогерот или крпата пред да го избришете подот.
6. Металните држачи од рерната
Ставете ги во када или голема кофа и наполнете топла вода додека не се целосно потопени, а потоа додајте 3/4 чаша детергент за алишта и оставете го да отстои преку ноќ. Потоа, исчистете ја мрснотијата и отстранете ја нечистотијата со сунѓер или четка.
7. Отстранување дамки
Истурете го течниот детергент директно на дамката, а потоа нежно тријте ја ткаенината со мека четка.
Прочитајте ги овие 7 правила за ментална чистота и подобар живот.