Интересни и корисни начини на кои можете да го користите вашиот фен за коса

Интересни и корисни начини на кои можете да го користите вашиот фен за коса

Освен што ви е од особена важност за сушење на вашата коса додека сте во брзање, или пак за обликување на вашата фризура, фенот ви нуди многу неверојатни придобивки за кои досега сигурно не сте слушнале. Во продолжение проследете ги овие трикови кои ќе ви бидат од голема помош при извршување на некои домашни работи.

Интересни и корисни начини на кои можете да го користите вашиот фен за коса

Чистење на тешко достапните места

Можеби најпрво ќе ви звучи чудно тоа што фенот може да ви помогне при чистењето на домот, но со него можете многу лесно да ја отстраните прашината од тешко достапните места. Вклучете го на студен воздух и насочете го кон посакуваните места. Прашината ќе падне на друга површина која полесно ќе можете да ја исчистите.

Чистење на пастелни бои

Ако вашето дете користело пастелни бои и притоа оставилo траги од нив, не грижете се, затоа што овој проблем лесно можете да го решите со помош на фенот за коса. Вклучете го на топол воздух и насочете го кон местото каде што се наоѓа дамката. Потоа поминете со влажна крпа и за секунда сте готови.

Отстранете го восокот

Восокот од свеќите можете да го отстраните на тој начин што прво ќе го стопите со фенот за коса, а потоа ќе го соберете растопениот восок со сунѓер натопен во детергент за миење садови.

Интересни и корисни начини на кои можете да го користите вашиот фен за коса

Израмнете ја пластичната прекривка за маса или завесата

Ако ве нервираат стутканата пластична прекривка за маса или завесата, лесно можете да ги израмните со помош на фенот. Наместете го да дува топол воздух и поминете преку нерамните делови. Но, внимавајте да не го задржувате фенот премногу долго, за да не ги растопите.

Одлепете ги фотографиите

Ако имате албум со лепливи страници, фотографиите можете лесно да ги одлепите така што ќе го насочите топлиот воздух од фенот кон нивната задна страна, а од предната ќе ги одлепувате фотографиите.

Фенот ви помага и за совршена глазура

Ако сакате совршена глазура на вашите колачи и торти, употребете го ладниот воздух од фенот. Така, насочете го додека ја нанесувате глазурата, а потоа пуштете го на топло за да ги поправите сите нерамнини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар