Инспиративно и поучно: Кои се вистинските победници?

Инспиративно и поучно: Кои се вистинските победници?

Погледајте околу вас и кажете си во себе дека сте преживеале. Овие зборови треба да ве охрабрат. Но, доколку се растажите, тогаш тоа може да биде знак дека вие сте едни од оние луѓе кои не успеваат да ја спознаат својата внатрешна сила, па токму затоа кај нив преовладува мислата дека се изгубени. За разлика од нив, првата група луѓе никогаш не патат кога ќе доживеат пораз или кога ќе бидат понижени од страна на победници кои зборуваат за нив. Тие можат да си допуштат и по некоја солза, но никогаш не се сожалуваат.

Поучна приказна: Кои се вистинските победници?

Тие знаат дека тоа е само мала пауза во борбата и дека тие на само еден момент ја изгубиле предноста. Тие се свесни дека стравот ги одржува нервозни. Но, кога размислуваат за својот живот, тие го разбираат, дури и покрај стравот, во нивната душа постои верба која ги води напред. Тие се трудат да откријат што направиле добро, а што лошо.

Оваа пауза која настанала со поразот ја користат за да се одморат, да ги залечат своите рани, да осмислат нова стратегија и подобро да се подготват. А потоа, кога ќе дојде новиот ден, нова борба ќе чукне на нивната врата. Тие сè уште се исплашени, но мора да делуваат или засекогаш да останат да лежат на земја.

Тие сепак стануваат и се соочуваат со својот противник, но се сеќаваат на болката која ја претрпеле и не сакаат повторно да ја доживеат. Нивниот претходен пораз значи дека овој пат тие мора да победат бидејќи не сакат да ја преживеат истата болката по втор пат. Но, доколку и овој пат не постигнат победа, тоа ќе го сторат следниот пат. Ако ни тогаш не успеат, тогаш можеби малку подоцна. Важно тие секогаш откако ќе паднат повторно застануваат на своите нозе.

Само оној кој се откажува е победен. Сите останати се победници!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар