Името кое ќе му го дадете на детето е побитно отколку што мислите

Името кое ќе му го дадете на детето е побитно отколку што мислите

Името има огромно влијание врз нашиот живот – тоа нѐ прави различни од другите на повеќе начини, а може и да определи дали ќе бидеме успешни или не.

Името кое ќе му го дадете на детето е побитно отколку што мислите

Научните истражувања велат дека луѓето на кои им се допаѓа своето име имаат поголема самодоверба од оние кои не си го сакаат името. Тоа не е единствената причина зошто треба добро да размислите пред да се одлучите за името на вашето дете.

Развој на личноста

Едно истражување спроведено од страна на британски научници покажало дека секој петти родител не е задоволен со изборот на името за своето дете. Експертите тврдат дека имињата кои премногу „отскокнуваат“ и не се карактеристични за местото на живеење може да влијаат негативно врз развојот на карактерот на детето. Необичното име може да доведе до потсмев од страна на врсниците, што влијае на социјализацијата и психичкиот развој на индивидуата.

Истражувањата покажуваат и дека момчињата кои имаат имиња кои може да им се доделат и на девојчиња се поагресивни и имаат послаба самоконтрола. Тоа е уште поизразено доколку во нивната околина има девојче кое го носи истото име. Девојчињата со машки имиња се однесуваат слично.

Податоците велат дека девојчињата со женствени имиња почесто одлучуваат да се занимаваат со професии од општествените науки, додека момчињата со погруби имиња ги претпочитаат природните науки. Психолозите тврдат и дека името има ефект и врз начинот на облекување.

Заборавете на традициите

Според статистиките, помалку образованите родители почесто се одлучуваат за традиционални имиња кога ги именуваат своите деца. Традиционалното име подоцна може да влијае на начинот на кој тие деца ќе бидат перципирани од страна на врсниците, велат експертите.

Од друга страна, актуелните имиња кои може да се слушнат на секој чекор, им даваат на децата најреални шанси за правилен развој. Меѓутоа, постојат и истражувања кои покажуваат дека децата кои имаат необични имиња, исто така, може да бидат успешни, но само доколку им се допаѓаат нивните имиња.

Научниците кои работат во областа објаснуваат дека не е добро децата да се именуваат според одреден член на семејството. Овој прилично застарен обичај може да влијае на развојот на личноста бидејќи децата несвесно се поистоветуваат со личноста со која го делат името, велат тие.

Конечно, при одбирањето на името треба да се размисли и на потенцијалниот прекар кој би му бил даден на детето. Според едно истражување, прекарот игра приближно голема улога во развојот на личноста кај детето како и името.

Дали ова ве поттикна да најдете уникатно име за вашето девојче? Погледнете ги овие што значат „принцеза“ ширум светот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар