Имате проблеми со спиење? Консумирајте повеќе магнезиум!

Имате проблеми со спиење? Консумирајте повеќе магнезиум!

Иако не може да биде „лек за сè“, вистинскиот суплемент може да игра голема улога врз подобрување на психофизичкото здравје. Денес го истражуваме влијанието на магнезиумот, особено при проблеми со спиење.

Имате проблеми со спиење? Консумирајте повеќе магнезиум!

Што претставува магнезиум?

Магнезиумот е суштински минерал за човечкото тело. Тој има важна улога во производството на енергија, мускулната контракција и одржување на здравјето на коските. Според научниците, способноста на нервите да пренесуваат сигнали низ целиот централен нервен систем се должи токму на магнезиумот. Регулирањето на притисокот и срцевите отчукувања зависат исто така од него. Нашите тела не можат да произведуваат магнезиум, па затоа мораме да го внесуваме секојдневно преку исхраната.

Придобивките на магнезиумот во поглед на спиењето

Истражувањата покажале дека во однос на проблемите со спиење, магнезиумот се карактеризира со следните придобивки:

1. Го подобрува индикаторот за квалитет на сонот

Во една студија од 2012 година, научниците набљудувале група постари луѓе (на возраст од 60 до 70 години) во времетраење од 8 недели. Во споредба со оние на кои им било дадено плацебо, оние кои дневно консумирале магнезиум покажале подобрување во однос на времетраењето и ефикасноста на спиењето. Кај овие испитаници било откриено и намалено ниво на кортизол, хормонот на стрес, што дополнително ја потврдува тезата за релаксирачкиот потенцијал на магнезиумот.

2. Може да го олесни процесот на заспивање и будење

Според друго клиничко испитување од 2011 година, суплементите кои се мешавина од магнезиум, цинк и мелатонин можат значително да го подобрат квалитетот на спиењето. Покрај тоа, тие се и одличен извор на енергија за целиот организам.

3. Може да ја зголеми фазата на „длабок сон“

Истражувањата покажале и дека редовното консумирање магнезиум придонесува за зголемување на фазата наречена „длабок сон“ – клучен дел од спиењето одговорен за нормалното функционирање на мозокот и меморијата.

Кој вид магнезиум е најдобар за справување со несоница?

Кога станува збор за најдобриот додаток во поглед на спиењето тогаш на прво место се наоѓа магнезиум глицинат кој лесно се апсорбира и содржи глицин. Аминокиселината глицин пак, го олеснува заспивањето и ја намалува дневната поспаност. Други популарни додатоци се и магнезиум хлорид, магнезиум оксид и магнезиум сулфат. Можете исто така и да консумирате храна што содржи магнезиум како темно чоколадо или банани.

Колкава е препорачаната доза магнезиум на дневно ниво?

На жените им се потребни околу 320 милиграми магнезиум дневно, а на мажите околу 420. Секако, доколку се одлучите да консумирате суплементи, најдобро би било да се посоветувате со вашиот доктор.

Откако ги прочитавте здравствените придобивки на магнезиумот во однос на проблемите со спиење, можеби ќе сакате да прочитате и која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиењето.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар