Идеи за лесни појадоци кои ќе ви дадат енергија за целиот ден
Потполно ве разбираме кога ќе кажете дека ви претставува тешкотија да станете наутро за да подготвите појадок, а уште повеќе ве разбираме ако после напорната работа имате проблем да останете будни во текот на целиот ден. Затоа денес ви претставуваме неколку вкусни идеи за појадок кои со сигурност ќе ве одржат будни подолго време. Станува збор за солени и слатки појадоци со кои ви е гарантирана доволната количина енергија за во текот на целиот ден.
Доколку својот ден не можете да го започнете без некоја слатка закуска, тогаш дефинитивно изберете мафини со Нутела и банана.
Сакате омлет, но немате доволно време да го направите? Постапката е премногу едноставна! Сè што треба да направите е сите состојки за омлетот да ги ставите во калап за мафини и да ги потпечете.
Доколку не сакате вашиот појадок да биде толку сладок, а сепак да биде витамински и здрав, тогаш идеален избор за вас се мафините со јаболка и цимет, кои ќе ги украсите со исечкани свежи јагоди.
Нема подобра опција за појадок од премногу вкусното смуди. Наш предлог е тоа да биде смуди кое е богато со банани и разни семиња, кое ќе го дополнувате по вкус и ќе го направите уште похранливо.
Мафините со боровинки не чинат многу, а можете да ги направите и сами во микробранова. Без разлика, овие мафини се одличен избор за појадок.
За да направите едноставен, но потполно витамински појадок, изберете тост намачкан со авокадо. Авокадото е многу здрава состојка која ги подобрува функциите на мозокот, па со самото тоа е одличен избор за утринските часови, бидејќи ја зголемува вашата концентрација и прави да имате многу енергија во текот на целиот ден.
За да не се оптоварувате наутро со правењето комплициран појадок, оставете во чаша или тегла да отстоијогурт помешан со житарки и овошје. На тој начин ќе добиете здрав и вкусен појадок кој ќе биде вистинска енергетска бомба за вашиот организам.
Koga pisuvate vakvi predlozi za ishrana, jasna vi e finansiskata
sostojba na citatelite i ne moznosta da se kupat takvi skapi produkti
ili ajde da se pise samo