Идеални празнични „зачадени очи“

Идеални празнични „зачадени очи“

„Зачадените очи“ се драматичен, ефектен и заводлив мејкап, што ги прави одличен избор за дочек на Нова година. Празниците дозволуваат да експериментирате, па нема потреба да се плашите да го испробате овој изглед.

Идеални празнични зачадени очи

За да го постигнете овој сребрен ефект на зачадени очи, на капаците најпрво нанесете малку коректор за сенката да трае подолго. Потоа нанесете сребрена сенка по должината на целиот капак, а бела на внатрешните агли за да го „отворите“ погледот.

На надворешниот раб на горниот капак и на работ на долниот капак нанесете црна сенка. Продолжете ја до долниот раб на веѓите и потоа со прст нежно натапкајте ја за да направите прелевање во повеќе нијанси.

Следен чекор е моливчето кое се нанесува на внатрешниот раб на окото. Потоа следи нанесувањето на маскарата и вештачките трепки и на крај завршниот потег со сенка. Погледнете го целосното видео и пробајте го овој изглед.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар