Ичиго Ичи - јапонската уметност на живеење: Секој ден е посебен!

Ичиго Ичи – јапонската уметност на живеење: Секој ден е посебен!

Ичиго Ичи, јапонската филозофија на живеење, нè потсетува дека секој ден е посебен и секој момент е бесконечно вреден. Откако ќе помине, тој никогаш нема да се врати.

Ичиго Ичи - јапонската уметност на живеење: Секој ден е посебен!

Ичиго Ичи во суштина означува наоѓање среќа во сегашноста. Секоја средба, сè што доживуваме, е уникатно искуство што никогаш повеќе нема да се повтори на ист начин, а ако дозволиме моментот да ни се „лизне низ прстите“ без да уживаме во тоа, тој засекогаш е изгубен.

Ичиго Ичи не потсетува дека секое утро е посебно, секој момент поминат со нашите деца и најблиски е бесконечно вреден и го заслужува нашето целосно внимание. Воведувањето на овој начин на размислување ќе ви овозможи да имате посреќен и поисполнет живот без да бидете оптоварени со минатото или да бидете загрижени за иднината. Овој метод ќе ве научи и да живеете во сегашноста, да го препознаете и цените животот во секој момент. Затоа ви ги претставуваме 5-те принципи кои ја сумираат оваа јапонска филозофија:

1. Ценете го секој момент од животот

Мигот што ќе помине, никогаш нема да се врати. Пронајдете нешто убаво во секој ден и не чекајте ги родендените за да прославите нешто – самиот живот е доволна причина за славење.

2. Бидете присутни

Патувањето во минатото и иднината е често исцрпувачко, болно и скоро секогаш бескорисно. Вие не можете да го смените тоа што се случило или да знаете што ќе се случи во иднина.

Единственото што ви е загарантирано е овој момент!

3. Направете нешто што никогаш не сте го направиле

Ајнштајн еднаш рекол дека не можете постојано да ја правите истата работа и да очекувате различни резултати.

Започнете со нешто ново и возбудливо што накратко ќе ве одвои од секојдневието и ќе ви покаже дека има уште многу моменти за кои вреди да се живее.

4. Користете ги сите свои сетила

Научете ја уметноста на слушање, гледање, допирање, вкусување и мирисање за да му дадете важност на секој момент.

Тоа, исто така, ќе ви овозможи да бидете повнимателни со другите и да ја зголемите вашата емпатија и разбирање.

5. Забележувајте коинциденции

Свесноста за случајностите ќе ви помогне да бидете подобри во читањето на знаците што ви ги испраќа Универзумот.

Дневникот во кој може да ги забележите моментите на секојдневната магија ќе ја зголеми вашата способност да ја следите магичната нишка на реалноста.

Можеби сакате да прочитате и за икигаи – јапонската тајна за исполнет живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар