И љубовта поминува низ 9-месечно раѓање
Раѓањето на една љубовна врска со добра перспектива пред себе, трае околу 9 месеци, исто колку и целиот период во бременоста, до раѓањето на новиот живот. Таа врска на крај може да заврши со раскинување, може и со заеднички живот, но ова емоционално патешествие мора да се помине.
Прво тримесечје
Во првите три месеци со нас доминира еуфоријата. Деновите ги трошиме во размислување за нашата нова љубов и кроиме планови за тоа како ќе тече следната средба. Во партнерот не гледаме ништо негативно, па дури и нејзините/неговите мани за нас се многу симпатични. Одличниот секс и добрата забава додека сè уште трае запознавањето, нè тераат да помислиме дека сме со вистинската личност.
Второ тримесечје
Во второто тримесечие веќе ги доведуваме во прашање идеалите за нашиот партнер. Маните кои до сега ни биле интересни, почнуваат да ни пречат и полека почнуваме да се сомневаме во совршената слика која сме ја имале за него/неа. Ова е период во кој почнуваме да бележиме плусеви и минуси за врската.
Трето тримесечје
Во овие три месеци веќе доволно се познаваме со партнерот за да можеме да развиеме посериозна комуникација, така што проблемите ги решаваме со разговор и врската уште повеќе се зацврстува. Доколку проблемите не можат да се решат, ова е времето кога врската се прекинува.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.