Храна која ќе ви помогне да се заштитите од сонцето
Бидејќи летото е на самиот праг, важно е да почнете со заштита од сонцето. Не би требало целосно да го избегнувате бидејќи сепак, сонцето ни е извор на витаминот Д, но важно е правилно да се заштитите кога сте изложени на неговите зраци.
Кремите за заштита се задолжителни бидејќи тие ја штитат вашата кожа од оштетување, но постои начин да го заштитите и целото тело преку храната што ја консумирате. Одредени прехранбени продукти се богати со витамини и материи кои природно ја зголемуваат заштитата на кожата и го поттикнуваат нејзиното заздравување. Погледнете за кои намирници станува збор.
Бадеми
Бадемите се одличен извор на витаминот Е кој помага во заштитување и обновување на кожата. Тие исто така содржат кверцетин кој го забавува стареењето на клетките на кожата со тоа што го раствора колагенот и го намалува појавувањето на лузни.
Домати
Доматите се нарекувани и природна заштита од сонце бидејќи содржат големо количество од антиоксидансот ликопен. Ликопенот е хранлива материја која се создава во растенијата и ги штити од штетите кои настануваат од природата и од УВ зраците. Тој исто така го намалува воспалението на кожата кое се јавува како резултат од изложеност на УВ зраците.
Лосос
Лососот е богат со омега 3 масните киселини, а особено со еикозапентанонска киселина (EПА). Оваа киселина ја заштитува кожата од сонцето така што го продолжува времето кое ѝ е потребно да изгори.
Преминете на следната страница за повеќе видови храна што помага при заштита од сонцето…