Храна која ќе ви помогне да се ослободите од акните
Дали сте пресметале колку трошите на гелови за миење лице и слични продукти кои ви ветуваат чистење на вашата кожа и ослободување од акните? Што доколку некој ви каже дека сè што ви треба за стабилизација и смирување на кожата се наоѓа во вашиот фрижидер? Она што го јадете многу се одразува на изгледот на вашата кожа. Затоа, обрнете повеќе внимание на вашата исхрана. Ова се топ 8 продукти кои ќе ви помогнат да се изборите против акните.
Лосос
Лососот е богат со омега 3 масни киселини кои ви помагаат во борба против акните, а воедно придонесуваат за подобро расположение бидејќи ги стабилизираат хормоните. Стресот и хормоните се главни причинители за појава на акните, а здравите масти и протеините од лососот помагаат за покачување на нивото на колаген во кожата.
Спанаќ
Спанаќот лесно може да го комбинирате во секаков оброк, како салата, омлет, сосови од зеленчук и сл. Тој е богат со витамин Е, железо и протеини, со што помага во ослободување од акните, го одржува нивото на колаген во кожата и придонесува за чиста кожа.
Бадеми
Содржат многу витамин Е, магнезиум и Б витамин. Имаат прекрасен ефект врз вашата кожа, богати се со природни влакна, и за разлика од други јаткасти плодови, имаат помалку калории.
Зрнеста храна
Одберете зрнеста храна како семе од сончоглед или тиква, пченка, разни житарки и сл. Зрнестата храна содржи протеини, здрави масти, витамини Е и Б, како и омега 3 и омега 6 масни киселини кои се одлични за вашата кожа, одржувањето на телесната тежина, метаболизмот, срцето и расположението.
Кокосово масло
Употребата на кокосовото масло е широка. Се користи како хранлива маска за коса, за борба против стрии, инфекции и дамки на кожата, затоа пожелно е да го имате во својот дом. Кокосовото масло е одличен антиоксидант и борец против штетните бактерии. Нанесувајте кокосово масло на чиста кожа и нема да имате потреба од никаков крем против акни.
Краставица
Краставицата ја хидрира вашата кожа и спречува нејзино сушење. Но тоа не е сè. Кората од краставицата содржи силициум, минерал кој се бори против акните и ја разубавува кожата одржувајќи го младешкиот лик. Но бидете внимателни. Доколку ја јадете и кората од краставицата, најдобро е да се снабдите со краставици од домашно производство кои не содржат пестициди.
Леблебија
Леблебијата е богата со цинк кој со бори против инфекции кои водат до појава на акни. Доколку во вашата исхрана месото и рибите се малку застапени, јадете леблебија за да ја балансирате исхраната. Воедно леблебијата содржи растителни влакна кои го стабилизираат крвниот притисок.
Портокалови растенија
Бета каротинот и витаминот А се најголеми непријатели на акните. Затоа во вашата исхрана често вклучувајте моркови, тиква, диња, сладок компир и сл.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.