Храна која ќе ви ја врати енергијата

Храна која ќе ви ја врати енергијата

Не мора веднаш да посегнете по нешто благо или шолја кафе кога се чувствувате изморено. Погледнете кои други хранливи состојки може да придонесат за зголемување на енергијата.

(0) Храна која ќе ви ја врати енергијата

1. Железо

Доколку се чувствувате изморено, можеби имате недостаток од железо. Јадете повеќе зеленчук, јаткасти плодови, сончоглед и леќа.

2. Фолна киселина

Фолната киселина може да спречи појава на анемија, остеопороза, деменција; учествува во изградбата на клетките на кожата и влијае врз нормалното функционирање на нервите. Фолната киселина ја има во црвеното месо, зелениот зеленчук и јаткастите плодови.

3. Цинк

Недостатокот од цинк во организмот придонесува за намалување на имунитетот. Покрај намаленото ниво на енергија, се јавува и намален апетит, бели точки на ноктите, акни, опаѓање на косата и намален вид. Цинкот го има во семките од тиква, јаткастите плодови, пилешкото месо, овесот, морската храна и црвеното месо.

4. Сложени шеќери

Неконсумирањето на сложени шеќери исто така може да доведе до замор. Јадете храна богата со скроб, како: тестенини, интегрален леб и овесни производи.

5. Витамин Б12

Витаминот Б12 е клучен за здрав нервен систем и за формирањето на црвени крвни клетки. Задржете го високото ниво на овој витамин преку консумирање на риба, јајца и млечни производи.

6. Шеќер во мали количества

Мало количество шеќер за подигнување на енергијата е пожелно, но не треба да се претерува. Сепак најдобро е да се држите до јаткастите плодови, кои ги имаат сите потребни витамини за враќање на енергијата.

7. Кофеин

Премногу кафе во денот, може да има спротивен ефект. Обидете се да ги ограничите дневните количини на кафе и наместо тоа, одлучете се за чаша чај или пак за безкофеинско кафе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар