Виенско топло чоколадо
Нема некој што не ужива во чоколадото. А ова чоколадо е за уште поголемо уживање – топло чоколадо. Толку едноставно и вкусно. Почестете ги пријателите со вакво, домашно топло чоколадо со виенски шмек.
Потребно за 4-ца:
- 125 г чоколадо со 70% какао маса
- 500 мл минерална вода
- 50 г шеќер во прав
- 25 г какао
За шлаг:
- 150 мл хопла (може и шлаг)
- една лажица шеќер во прав
- какао за декорација
Подготовка: Чоколадото исечкајте го ситно. Во тенџерче ставете ги минералната вода и шеќерот да се загреат. Шеќерот треба да се стопи, но водата никако не смее да зоврие. Додајте го какаото и мешајте додека да зоврие сè. Малку по малку ставајте го чоколадото и почекајте да се стопи. Сето ова правете го на средна температура. Тргнете го тенџерето од оган. Изматете ја хоплата (шлагот) со шеќерот. Кога хоплата ќе биде цврста, тогаш значи дека е готова. Ставете го чоколадото во стаклени чаши. Од горе ставете од шлагот и попрскајте го какао.