Претходно
Рецепт на денот: Полнети круши
Вкусен десерт што ќе им се допадне на сите што уживаат во слаткиот вкус на овошје и мед
Потребни состојки:
- 2 зрели круши
- 2 лажички мед
- 1/2 лажичка цимет
- 1/4 лажичка мускатно оревче
- 120 милилитри јогурт
- 1 пакување ванилин шеќер
- 30 грама исечкани ореви
- Суво овошје (по желба)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги крушите на половина и испразнете ја средината. Обложете тава со хартија за печење и ставете ги крушите на неа, па премачкајте ги со мед и просејте им цимет одозгора, па мускатно оревче. Можете да додадете и суво овошје по желба. Печете 30 минути и извадете ги од рерната.
Додека крушите се ладат, направете смеса од јогурт, ванилин шеќер и орев. Кога крушите ќе се оладат, наполнете ги со смесата и сервирајте.