Грешки во негата на кожата на лицето што се виновни за појавата на проширени пори

Грешки во негата на кожата на лицето што се виновни за појавата на проширени пори

Кога станува збор за изгледот на лицето, еден од најчестите проблеми е зголемените пори на лицето. Покрај фактот дека изгледот е делумно под влијание на генетиката, многу жени несвесно прават грешки што влијаат на нивниот тен и на кожата.

Грешки во негата на кожата на лицето што се виновни за појавата на проширени пори

Непрофесионално стискање на митесерите

Ако имате проблем со црнките, последното нешто што треба да направите е да ги стискате сами. Покрај тоа што никогаш нема да ја завршите работата докрај, ќе им го отворите патот на нечистотиите што ќе предизвикаат инфекција и дополнително ќе ги прошират порите.

Користите пилинг премногу често

Прекумерниот пилинг на лицето ќе го оштети површинскиот слој на кожата, а за да се заштити, таа ќе произведува големи количини себум, што предизвикува мрсна кожа и проширени пори. Пилингот на лицето треба да се прави само еднаш неделно и да не се користат агресивни средства.

Избегнувате употреба на крем за лице

Некои жени сметаат дека не треба да нанесуваат крем за лице затоа што имаат мрсна кожа. Сепак, тоа во никој случај не е добро. Ако не нанесувате крем, кожата почнува да лачи повеќе себум бидејќи не се храни правилно. За да ги направите порите помалку забележливи, изберете козметички производ што одговара на видот на кожата.

Не користите тоник за чистење на лицето

Тоникот е важен производ што треба да го користите секој ден. Неговата улога е да го регулира лачењето на себумот, да ја чисти кожата и да им дозволи на хранливите материи од маслата и од кремовите да навлезат длабоко во кожата.

Внесувате големи количини шеќер во организмот

Рафинираниот шеќер е една од главните причини за проширени пори. Обидете се да го намалите внесувањето на слатки и засладени пијалаци, а потребата за шеќер да ја задоволите со свежо и суво овошје.

Нанесувате шминка слој по слој во текот на денот

Лицето ви е мрсно и решивте да нанесете уште малку пудра во прав на Т-зоната? Во тој момент создавате услови за раст на бактерии. Наместо да нанесувате нов слој пудра, отстранете го вишокот мрснотии од лицето со хартиено марамче.

Прочитајте што може да ѝ се случи на вашата кожа ако го миете лицето само еднаш на ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар