Говорот на телото: 11 навики што веднаш мора да ги промениме

Говор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги промениме

Говорот на телото, исто како и зборувањето, е важен дел од секојдневната комуникација. Затоа, важно е да ги препознаеме лошите навики поврзани со пораките кои нашето тело ги испраќа кон соговорниците и истите да ги промениме.

Говор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги промениме

Вашиот изглед додека нешто зборувате, изразите на лицето, положбата на рацете, поднаведнувањето на грбот… сето ова влијае на вкупниот впечаток како другите ќе ве перципираат и колку сериозно ќе ве сфатат.

Некои навики и движења се толку влезени во рутина, што не ги ни забележуваме, ниту сме свесни дека ги правиме, но можат да бидат огромна грешка кога е во прашање говорот на телото. Во продолжение прочитајте како да ги препознаете овие навики и како истите да ги промените…

1. Ситни движења и гестикулации со рацете и стапалата

Ако ви влегло во навика да ги испреплетувате прстите, да ги триете едни од други или пак да тапкате со стапалото додека разговарате, на овој начин на соговорникот му презентирате нервоза и чувство на пониска моќ.

2. Играње со косата

Често кога е стресот во прашање, посегнуваме по прамен коса и го истегнуваме и вртиме околу прсти. Тоа може да го дефокусира соговорникот, но и да ја оштети косата. Обидете се да се ослободите од стресот на друг начин.

3. Заземање одбранбен став

Многу луѓе инстинктивно ги прекрстуваат рацете или се наведнуваат над соговорникот. Оваа положба изгледа несигурно и одбранбено и воопшто не ве прави доверливи. Наместо тоа, користете ги рацете за гестикулација. Исто така, не кријте ги зад грб, бидејќи тоа го прави соговорникот сомничав.

Говор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги промениме

4. Премногу движења со рацете

Движењата на рацете и главата доаѓаат инстинктивно кога точно знаете што сакате да постигнете, но не и кога треба да се одглуми некој говор или став. Поради тоа, не ги применувајте сите совети што ги наоѓате во статии и видеа кои треба да помогнат за поефективен говор на телото, бидејќи ако изгледаат како кореографија, ќе го имаат токму спротивниот ефект.

5. Несигурно одење со влечкање

Начинот на кој одиме по улица нè прави потенцијална мета на криминалци. Статистички, крадците и напаѓачите се повлекуваат ако личноста се движи со константен чекор, исправено и сигурно. Затоа, движете се сигурно и рамномерно, наместо да се влечкате, како на улица, така и низ животот.

6. Израз без насмевка

Насмевката покажува самодоверба, пристапност и енергичност. Таа е како огледало на она што се случува во нашата душа. Кога треба да покажете авторитет, подобро насмевнете се, наместо лицето цело време да ви е згрчено во еден израз.

7. Дефокусирање и намалена концентрација

Кога разговараме со некого, правилно е да сме фокусирани на разговорот, наместо на звуците и случките наоколу. Некои луѓе лесно се деконцентрираат, но секое вртење по нешто друго, особено за време на разговор, покажува непочитување и незаинтересираност.

Говор на тело: 11 навики што веднаш мора да ги промениме

8. Наведнување и искривување на телото

Стоењето (и седењето) исправени веќе завршува голем дел од впечатокот кој го оставаме кај другите. Иако да се биде искривен или легнат на работното биро е многу полесна положба отколку седењето исправени, тоа може да остави впечаток на намалена самодоверба, но и да донесе здравствени проблеми во иднина.

9. Погрешен контакт со очите

Контактот „очи во очи“ со соговорникот треба да биде умерен и стабилен. Голема грешка е ако е премногу агресивен и упорен, но исто така не смее да биде и блед, како да гледаме низ соговорникот. Првото покажува несигурност, но решителност да се наметне став, додека второто е знак на незаинтересираност.

10. Да бидете здрвени за време на разговорот

Кога нешто сакате да го работите по однапред смислено сценарио, многу е веројатно дека нема да се одвива природно и дека ќе вклучува многу глума. Во обид да не се погреши, луѓето го вкочануваат телото и речиси и не мрдаат за време на разговорот, особено ако се работи за интервју за работа, каде често е присутна и тремата.

11. Некоординирана вербална и невербална комуникација

Оваа точка може да произлезе како заклучок на претходните, односно ако однесувањето што го манифестираме не е во координација со зборовите што ги кажуваме, вкупниот впечаток може да биде дека или кажаното не е вистина или дека недостасува самодоверба кај говорникот.

Овие навики можат да влијаат во многу ситуации, почнувајќи од најобичен разговор со пријател, па сè до многу посериозни настани како што се состаноци или интервјуа, но и воспитување деца. Поради тоа, говорот на телото никогаш не смее да биде планиран и однапред смислуван, за да се избегне оддавање впечаток на несигурна и нервозна личност.

Доколку пак, сте на другата страна и треба да го процените соговорникот, прочитајте ги и 4-те начини на кои можеби погрешно го толкувате говорот на телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар