Претходно
Глог – Данско варено вино
Пијалак од северот на Европа кој ќе ве затопли во студените денови
Потребни состојки:
- 750 мл црвено вино
- една кора од портокал
- едно до две стапчиња цимет
- 80 грама суво грозје
- 80 грама излупени бадеми
- 10 зрна кардамон
- 5 каранфилчиња
- 4 лажици мед
- 250 мл бренди
- 250 мл порто вино
Начин на подготовка:
Во тава на оган ставете ги виното, кората од портокал, бадемите, сувото грозје, циметот, кардамонот и каранфилчињата. Оставете ги тивко да крчкаат барем триесетина минути. Треба да излегуваат мали меурчиња, но не и премногу да испарува смесата. Потоа процедете ја течноста за да ги отстраните зачините, додајте ги портото и брендито во неа и сервирајте.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.