Главно правило во Будизмот: 3 ситуации во кои е задолжително игнорирањето на другите!

Главно правило во Будизмот: 3 ситуации во кои е задолжително игнорирањето на другите!

Односите со другите луѓе ни носат среќа и задоволство, но исто така често тие се извор на тага и разочарување. Поради таа причина, ако сакаме да бидеме вистински среќни мора да научиме да игнорираме одредени зборови, ставови и однесување на другите луѓе. Со секој човек нема да имате убави и пријатни искуства. Според Будизмот игнорирањето е клучот за постигнување среќа. Со други зборови, игнорирањето е уметност, односно метод за да се заштитите самите. Прочитајте ги следните 3 ситуации во кои мора да ги игнорирате другите!

1. Деструктивна критика

Ако вам критиката не ви помага туку само ве фрла во очај – треба да ја игнорирате. Не дозволувајте им на другите да ви судат. Не дозволувајте нивната критика да ве повреди – заштитете се!

2. Негативни постапки

Ако личност ви прави лоши работи, не дозволувајте нејзиното однесување да ја промени вашата психа бидејќи тоа ќе значи дека ја постигнала својата цел. Запомнете дека можете да навредите некого само ако тој ви го допушти тоа. Ако забележите дека некој непримерно се однесува кон вас, едноставно свртете се и заминете колку е можно подалеку од него.

3. Манипулација

Постојат луѓе кои се навикнати да ја контролираат околината со помош на емоционална манипулација. Бидете свесни за таквите луѓе, игнорирајте го дружењето со нив. Ако научите да ги игнорирате нивните зборови, бидете сигурни дека сте научиле без стрес да го живеете животот.

Направете заштитна обвивка

Навикнати сме туѓото однесување да нè изнервира или вознемири. Таквата реакција е нормална. Проблемот настанува кога таквата реакција трае подолго и почнува да влијае на нашето здравје. За да научиме да ги игнорираме луѓето што не ни одговараат треба да изградиме штит за нашата душа. Тоа значи – целосно неприфаќање на сè. На пример, одбивање да прифатиме критика или негативно однесување од другите луѓе. Прифаќаме дека индивидуата го рекла тоа што го рекла, а знаеме кој го рекол тоа и не дозволуваме да влијае врз нас. Таквата психолошка дистанца создава заштитен штит околу нас и овозможува реагирање на ситуацијата без емоционално да се уништиме.

Дознајте кои ирационални мисли негативно влијаат на нашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар