Генијална техника за ефикасно ослободување од црните мисли за само неколку секунди

Генијална техника за ефикасно ослободување од црните мисли за само неколку секунди

Кога и да ве обземат црни мисли, негативност, обесхрабреност и анксиозност, истерајте ги за неколку секунди со помош на оваа едноставна и ефикасна техника на рускиот психолог В. Лермонтов. Секако, чувствата, па така и негативните, укажуваат на некој проблем кој треба да го решиме, а не да го потиснуваме, но најважно е во моментот да не им дозволиме да нè преовладаат.

genijalna-tehnika-za-efikasno-osloboduvanje-od-crnite-misli-za-samo-nekolku-sekundi-kafepauza.mk

Имате 2 избора: да се фатите за работа и да го решите проблемот или само да очајувате. Но, кога ни е тешко и не можеме да го видиме излезот, потребно ни е нешто што ќе нè издигне над мрачните мисли.

Техниката е толку едноставна, а ќе се изненадите колку е ефикасна.

Еве што треба да направите во истиот момент штом ве обземат негативни мисли…

Поставете им ги во себе следните 3 прашања на тие мисли:
  1. Кој си ти?
  2. Што сакаш од мене?
  3. Кој те испрати?

На овој начин своите мисли ги третирате како негативна енергија која ви е наметната однадвор, а не се идентификувате со нив и не им дозволувате да преминат во фаза на чувства или општо расположение – така тие веднаш ја губат својата сила, бледнеат и исчезнуваат.

Авторот на техниката советува овие 3 прашања постојано да ги имаме на ум и со нив да ја неутрализираме секоја црна мисла, штом се појави.

Така, кога и да се чувствувате душевно лошо, не препуштајте се на очајувањето, применете ја оваа техника.

Дополнително може да се прашате:
  • Кој има потреба од мојата болка?
  • Кој има потреба од мојот страв?
  • Кој се храни со моето страдање и чувство на обесхрабреност и безнадежност?

Ваквиот третман на црните мисли ќе ви донесе големо олеснување кое во таквите моменти е единственото нешто што ви треба. Запомнете ја оваа техника и применете ја следниот пат кога ќе ви надојдат црни мисли – и самите ќе се уверите во нејзината брза ефикасност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар