Генијална техника: Научете ги вашите деца да цртаат со помош на бројки
Скоро и да не постои дете кое не сака да се трансформира во мал уметник. Доволно е да им дадете молив и хартија и тие ќе бидат преокупирани со цртање долго време. Уште подобро ако им подготвите и дрвени боички – во тој случај сè што ви преостанува е едноставно да ја набљудувате нивната креативност и да се забавувате заедно со нив.
Но, доколку сакате да ги поврзете учењето и забавата, можете да ја примените оваа генијална техника наменета за најмалите. Многу цртежи можат фантастично да изгледаат со помош на бројките, што е идеален начин да го научите вашето дете и да брои и да црта. Погледнете ги овие цртежи и обидете се да ги направите и вие заедно со вашите најмали. Забавувајте се!