Гастрономски тренд: Употреба на пиво во кулинарството
Производството на пиво започнало како домашна работа која ја извршувале жените, па според ова можеме да кажеме дека уште од самиот почеток пивото го пронашло своето место во кујната и гастрономијата. Со развојот на цивилизациите и технологијата, производство на пиво сѐ повеќе се развива. Се создаваат нови вкусови и ароми кои стануваат неизбежен дел од кулинарската уметност. Готвењето со пиво бара стручно познавање на видовите пиво кои одговараат со одредена храна, што е важен дел од пивското кулинарство кое станува сè попопуларно. Во продолжение прочитајте неколку совети благодарение на кои секое јадење што е комбинирано со пиво ќе добие побогат и подобар вкус:
Пивото дава подобра арома
Обичајот на додавање вино во храната преовладува во нашата цивилизација. Отсекогаш биле присутни предрасудите дека виното ѝ дава подобар вкус на храната. Излезете од гастрономската рамка, и наместо со вино во кујната, експериментирајте со пиво. На пример, оризот совршено го апсорбира јачмениот вкус, а вкусот на пченицата се комбинира со горчливо-слатки печурки. Пивото добро оди и со пилешко, па дури и со лигни кои можат да се приготват во пиво и шафран со сос од јогурт.
Пивото одлично оди во десертите
Вистинските љубители на пиво ќе кажат дека тоа одговара со секоја храна, а во последно време многу е популарно експериментирањето со пивото како една од главните состојки за приготвување десерти. Пивото можете да го додадете во омилените палачинки, браунис колачињата и во други десерти во кои доминира темната чоколада. Со десертите кои содржат овошје одлично одговара светлото, лесно пиво со овошен вкус.
Пивото е соодветно за различни кулинарски техники
Од маринирање, глазирање, печење, варење и динстање, пивото се користи во многу кулинарски техники. Горчливиот хмељ му дава богат вкус на јадењето, а јачменот му дава слаткост. Квасецот пак дава лесен вкус, а неговите ензими се идеални за омекнување на месото.
Погледнете ги и овие 10 неверојатни иновации во светот на храната што сигурно ќе ви се допаднат.