Фотографиите од слатки животни можат да ви помогнат да ја распламтите искрата во вашата врска

Фотографиите од слатки животни можат да ви помогнат да ја распламтите искрата во вашата врска

Дали самата помисла на брак ве ужасува? Дали се прашувате како паровите кои се заедно со години успеале да ја одржат врската? Зар не се случува искрата помеѓу нив да згасне? Сите сме чуле дека експериментирањето во креветот и редовните љубовни состаноци помагаат да се зачува љубовта помеѓу партнерите, но најновите истражувања нудат поинаков совет за распламтување на искрата во врската.

Фотографиите од слатки животни можат да ви помогнат да ја распламтите искрата во вашата врска

Истражувачите од Државниот Универзитет во Флорида дознале дека гледањето фотографии од слатки животинчиња, како што се кутриња и зајчиња, може да направи чуда за вашата врска!

Како го откриле ова?

Целта на истражувањето било да се дознае дали постои можност да се истренира мозокот на таков начин што кога ќе помисли на партнерот, би се разбудиле позитивни мисли. Истражувачите нашле 144 млади брачни парови (сите имале помалку од 40 години) кои биле заедно помалку од 5 години. Сите имале околу 28 години и помалку од половина од нив имале деца.

Во првиот дел од истражувањето, од паровите било побарано да пополнат неколку тестови за да откријат колку се задоволни од нивните врски. По неколку дена, тие биле испратени во лабораторија за да се измери нивниот „моментален, автоматски став“ кон нивните партнери.

Во период од 6 недели, на паровите им биле покажувани различни слики на секои 3 дена. Во низата фотографии имало слики и од нивните партнери. На половина од сопружниците им биле покажувани „неутрални“ слики. Со други зборови, им покажувале слики од нивните партнери во комбинација со здодевни работи, како што е копче на пример.

На другата половина им биле покажувани позитивни фотографии во комбинација со оние од нивните сопружници, како што се слики од кутриња или од зборот „прекрасно“. Секои 2 недели, додека паровите го правеле ова, требале да изјават и како се чувствуваат во однос на нивните партнери.

Фотографиите од слатки животни можат да ви помогнат да ја распламтите искрата во вашата врска

Крајните резултати од истражувањето

За време на експериментот, истражувачите откриле дека луѓето кои гледале слатки и позитивни слики заедно со оние од нивните партнери, покажале попозитивни реакции кон нивните сопружници во текот на неделните проверки, за разлика од луѓето на кои им покажувале неутрални слики. Овие позитивни реакции го подобриле квалитетот на браковите.

Ако се изненадивте од овие откритија, не сте единствени. Дури и авторот на истражувањето признал дека не очекувал вакви резултати.

„Бев малку изненаден од фактот што овој експеримент навистина делуваше. Целата теорија што ја прегледав поврзана со евалвативното условување тврдеше дека ќе делува, но постоечките теории за врските и самата идеја дека нешто толку едноставно и неповрзано со бракот може да влијае на среќата во бракот го поттикна мојот скептицизам“, признал авторот.

Секако дека доколку сакате да ја промените врската, најпрво треба да го промените вашето однесување и начин на кој комуницирате со партнерот. Но, во секој случај, добро е да се знае дека постојат и други начини да го промените вашиот став кон партнерот. Освен тоа, кому му треба изговор за да гледа фотографии од слатки кутриња и зајчиња?!

Доколку сакате да го подобрите односот со партнерот, прочитајте ги овие совети кои ќе ја зајакнат вашата врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар