Фантастични комбинации на бои за вашиот пролетен моден стил
За да не бидеме досадни, а и навистина да бидеме во пролетниот дух честопати се одлучуваме да комбинираме повеќе бои. Сепак, тоа не е лесна работа, бидејќи не сме секогаш сигурни кои бои најдобро одговараат. Поради таа причина со вас споделуваме 20 фантастични комбинации на бои кои ќе бидат од голема важност за вашиот добар, пролетен стил.
1. Фармерките одлично одговараат покрај блуза со впечатлив принт, особено кога станува збор за боите. Тоа што ќе ја смири комбинацијата е мантил во пастелна боја како соодветен контраст.
2. Чистата бела боја, комбинирана со тегет линии, ќе делуваат помалку досадно, ако не ги освежите со впечатливата, силна црвена боја.
3. Жолтата и беж бојата одлично се вклопуваат со бојата на ментол. Фармерките во сина боја во овој случај претставуваат неутрално парче кое не отскокнува од останатите.
4. Комбинацијата во пастелни нијанси е секогаш добра идеја, а најдобро се сложуваат белите, крем, беж и сини тонови.
5. На црно-белата комбинација многу добро ѝ прилегаат силните бои како црвената, портокаловата и розовата.
Продолжете на следната страница за повеќе комбинации на бои…