Еве зошто се чувствувате заглавено: Преголемата самокритичност ја саботира вашата амбиција
Доколку сте амбициозна личност, несомнено веќе сте се „уловиле“ себеси како прекумерното се коригирате и критикувате. Преголемото насочување на корекција е она што се случува кога се обидувате да ја поправите грешката што всушност не е грешка и заглавувате помислувајќи дека не сте успешни.
Тоа се случува и кога мислите дека нема „што да облечете“, па го трошите целиот буџет на нова гардероба, чекајќи истото да се повтори и следниот месец.
Тоа се случува секогаш кога ги гледате вашите профили на социјалните мрежи и доаѓате до заклучок дека тие се инфериорни во секој поглед и затоа треба целосно да се редизајнираат.
Тоа е она што се случува кога ќе добиете унапредување на работа, но сфаќате дека сè уште некој друг работи подобро од вас и чувствувате како вашата гордост се намалува. Тоа се случува кога се обидувате да започнете бизнис и се фокусирате повеќе на изгледот на веб-страната, а не се обидувате да се убедите себеси дека таа можност е најдоброто што ќе ви се случи.
Тоа се случува кога ја чистите целата куќа и никако не можете да го тргнете погледот од еден агол на ѕидот кој изгледа малку валкано, па поради тоа не можете да го прогласите просторот за „чист“.
Тоа е кога ќе го потрошите цело ваше време и пари за да го подобрите изгледот, одново и одново, мислејќи дека конечно е пронајдена магијата, „тајната моќ“ на тој нов производ кој само што не пристигнал, а кој треба да ве „спаси“.
Проблемот е во тоа што за амбициозните луѓе вистинските проблеми се збунувачки, па им даваат предност на малите, незначителни детали што ги водат до точка на целосно попречување на нивниот напредок.
Кога премногу коригирате, се обидувате да прилагодите нешто што е навистина добро онакво какво што е и за кое не е потребно многу од вашето време, енергија или труд.
Тоа ви предизвикува анксиозност, оптоварување и на крај станува зависност од која не можете да се ослободите: проблемот е што не можете совршено, целосно да го решите проблемот, затоа што реално проблемот и не постои.
Кога премногу коригирате, ја губите предвид големата слика.
Се фокусирате на тоа што не ви се допаѓа, па никој не го забележува вашиот копнеж да поправите нешто, бидејќи целосно ги занемарувате најзначајните аспекти на вашиот изглед, како туширање или стилизирање на вашата коса, нешта што другите луѓе всушност ги забележуваат.
Се фокусирате на еден дел од куќата што не можете да го направите сосема совршен, а го занемарувате вистинскиот хаос, кој всушност е опиплив, како што се алиштата кои избегнувате да ги средите, садовите во мијалникот што стојат неколку денови.
Се фокусирате на тоа како вашата веб-страница изгледа наспроти тоа што прикажува, како сликите се прикажани наспроти приказната што ја раскажуваат, се фокусирате на перцепцијата или начинот на кој мислите дека другите ве гледаат.
На крај, обидот за совршен живот е она што го спречува неговото достигнување.
Понекогаш, кога се чувствувате неспособни за да ја контролирате „поголемата слика“ во животот, правите обиди да ги контролирате помалите нешта, само за да се чувствувате корисно. Но, на тој начин само се фрустрирате уште повеќе.
Решението е едноставно во теорија, но е предизвик во пракса, сепак треба да се зафатите со него.
За да престанете премногу да се коригирате, мора да престанете да се обидувате сè да решавате и минимизирате. Мора да дозволите нештата да имаат свои рабови и несовршености. Но, треба да направите простор за тоа.
Кога ќе престанете да барате совршенство, ќе се задоволите и со доволно доброто. Но, мора да дефинирате што е „доволно добро“ за вас. Мора да ја завршите работата која ви е зададена и да сфатите дека тоа е доволно.
Решението не е во тоа да се обидите да поправите сè, туку да се започне да размислувате за тоа што ве збунува: Која е разликата помеѓу несовршеноста и неуспехот? Тие 2 нешта никогаш не се изедначуваат.
Можеби сакате да ги прочитате и 3-те ситуации во кои пријателите ги даваат најлошите животни совети.