Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

Бебињата не зборуваат, но тие знаат како да ги покажат своите емоции од првите денови на раѓање. Бебињата знаат многу за луѓето и светот, а од нивните гримаси можеме да откриеме што тие всушност мислат.

Веднаш штом ќе се намурти, бебето испраќа порака на лицето дека не се чувствува пријатно. Ако плаче, можната причина се гасови, што може да го решите со нежно масирање на стомакот. Ако бебето се намурти и широко ги отвори очите, тоа веројатно само какаше. Но, ако е со намуртени веѓи, вашето дете веројатно е премногу стимулирано од надворешни информации и треба да е само.

Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

Еве како да го „прочитате“ вашето бебе:

Истражувачки поглед

Бебињата се лесно фасцинирани од нештата околу нив, а тоа ќе го покаже интензивниот и истражувачки поглед во одредена насока или кон некоја личност или предмет.

Бара внимание

Со ненадејно плачење, викање и фрлање работи, бебето го бара вашето внимание и покажува дека му е здодевно. Побарајте ја омилената играчка или испејте ја песната што ја сака.

Не сака да си игра

Штом ја сврти главата на другата страна и избегне контакт со очите, бебето покажува дека не сака да комуницира. И тоа ќе го потврди ако почне да игра со прстите.

Напрчени усни

Родителите треба да му дадат простор на бебето ако се намурти и ги напрчи усните, бидејќи вели дека сака да биде само.

Раширени очи

Ако бебето ги рашири очите ширум, тоа обично го прави додека се напрега за време на какањето.

Како да знаете дали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар