Етерични масла кои ги смируваат изгорениците од сонце
Лето без изгореници е исто како утописка бајка со среќен крај.
Изгорениците кои се појавуваат на кожата, можат многу брзо да поминат со помош на неколку етерични масла. Дури и ако редовно користиме крема за заштита и седиме под сенка, сепак сончевите зраци можат да ја изгорат кожата. Во такви ситуации, етеричните масла можат да помогнат во смирување на изгорениците и притоа да ја регенерираат оштетената кожа.
Лаванда
Етеричното масло од лаванда има многу позитивни лековити ефекти. Составот на ова есенцијално масло ја дезинфицира кожата и делува противвоспалително при што се забрзува процесот на зараснување и регенерација.
Пеперминт
Етеричното масло од пеперминт ја лади и освежува кожата. Тоа овозможува моментално олеснување на болката, ја омекнува кожата и го спречува нејзиното понатамошно сушење. Може да се примени директно на изгорениците.
Камилица
Етеричното масло од камилица се смета за одличен лек за изгореници, бидејќи содржи голема количина антиоксиданти. Ова масло се користи за најразлични проблеми со кожата, од изгореници до рани. Има антиинфламаторни и антибактериски својства, ја омекнува кожата и го забрзува процесот на заздравување на раните.
Еукалиптус
Етеричното масло од еукалиптус, исто така лади и има антиинфламаторно дејство. По употреба веднаш започнува процесот на регенерирање на кожата. Поради своите антибактериски својства ја штити кожата од можни инфекции.
Пелагонија
Етеричното масло од пелагонија се користи за најразлични кожни проблеми, како и за ублажување на изгореници. Неговиот антибактериски состав ја олеснува болката и го забрзува процесот на регенерација на кожата.
Прочитајте и како да ги излечите нарушувањата на тироидната жлезда со помош на неколку етерични масла.