Експерт од Ив Сен Лоран советува: Како до совршени трепки?

Експерт од Ив Сен Лоран советува: Како до совршени трепки?

Автор: Сара турановиќ

Лојд Симонд, креативниот директор за шминка во Ив Сен Лоран (Yves Saint Laurent) и вистинскиот експерт за шминка, реши да ја сподели тајната за совршени трепки.

ekspertot-od-iv-sen-loran-sovetuva-kako-do-sovrsheni-trepki-kafepauza.mk

Според него, за трепките да изгледаат совршено, најпрво треба да користите виткач за трепки. Дури потоа следува нанесувањето маскара, и тоа од коренот на трепките од внатрешната страна на очите. Со четката притиснете ги трепките нагоре со цик-цак движења за да се разделат. За нанесување маскара на внатрешните и долните трепки користете го само врвот на четката. Можеби оваа техника ќе ви одземе повеќе време, но крајниот резултат ќе ве воодушеви.

За да постигнете ефект на густи и долги трепки, маскарата нанесувајте ја со цик-цак движења за трепките да се разделат и секоја да биде покриена со маскара. Доколку ја нанесувате маскарата на начин со кој само ги потиснувате нагоре, трепките ќе се залепат и нема да изгледаат густо.

Доколку сакате да добиете драматичен и заводнички изглед на очите, користете раскошни нијанси. Виолетовата маскара одлично им одговара на дамите со кафеави и светло зелени очи. Во текот на сончевите денови, сината маскара создава занесна експлозија на бои, посебно во комбинација со син молив за очи кој ќе го нанесете на внатрешната линија на капакот.

Ако сакате да добиете софистициран, но ефективен изглед нанесете ја маскарата само на долните трепки.

На прашањето како да добиеме ефект на покрупни очи, тој одговара дека маскарата е најдобра за тоа. Маскарата во црна или кафеава нијанса на горните трепки ги прави очите поотворени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар