Едноставни вежби за брзо опуштање и ослободување од стрес

Едноставни вежби за брзо опуштање и ослободување од стрес

Пандемијата на коронавирус сè уште трае, а згора на тоа постојано чувствуваме притисок од сите страни и имаме еден куп обврски. Среде сето ова „лудило“ забораваме на сопственото здравје и благосостојба. Сепак, постојат начини како да се справиме со стресот и анксиозноста во даден момент. Прочитајте во продолжение за што се работи.

Едноставни вежби за брзо опуштање и ослободување од стрес

Проанализирајте ги вашите чувства

Сите кога ќе се разбудиме наутро првото нешто што правиме е да го испланираме денот. Ги проверуваме мејловите, пораките на телефон, распоредот. Наместо тоа, обидете се првин да се анализирате себеси. Почнете да водите дневник во кој детално ќе ги запишувате вашите чувства. Со текот на времето ќе се чувствувате посмирено и ќе имате повеќе концентрација за извршување на работните обврски.

Моќта на допирот

Допирот има смирувачка и лековита моќ. Спојте ги рацете и ставете ги на градите како при молитва. Држете ги рацете неколку секунди во оваа положба и размислувајте за тоа кои сте вие, што сте постигнале досега и кои се вашите следни цели.

Пет минути среќа

Создадете си катче во домот што ќе биде вашето бегство од реалноста, без разлика дали се работи за удобна фотелја, кревет или тераса. Оставете го телефонот настрана и сварете си го омилениот чај. Додека го пиете, обидете се накратко да заборавите на сите проблеми што ве мачат и фокусирајте се на сегашноста.

Променете го местото на седење

По долгото, напорно работење во канцеларија, седнете на подот. Кога чувствувате дека ја губите контролата, контактот со цврста површина како што е подот или земјата ќе ве смири и стабилизира.

Фантазирајте

Човечкиот мозок не може да биде 100% фокусиран повеќе од 90 минути. Затоа, почесто правете кратки паузи во текот на работното време. На сите ни треба момент кога едноставно ќе го пуштиме умот да талка.

Откако прочитавте кои вежби можат да ви помогнат за брзо да се опуштите, можеби ќе сакате да ги откриете и вежбите за опуштање кога имате 1, 2 или 3 слободни минути.

Извор: lepotaizdravlje.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар