Едноставни правила да изгледате послабо

Едноставни правила да изгледате послабо

Доколку сакате да изгледате повитки, а немате време да држите диети, следете ги овие неколку мали и едноставни трикови. Најважното нешто што треба да го запомнете е секогаш добро да ја одбирате облеката, како и да внимавате на вашето држење.

Едноставни правила да изгледате послабо

Облека што ви одговара

Ако сакате да изгледате послабо, мора да носите облека што ви одговара. Дури и најслабата жена може да изгледa пополно доколку носи фармерки или здолниште кои не ѝ одговараат. Треба да внимавате на должината и големината на парчињата што ги носите за да изгледате попривлечно. Кусите парчиња скоро на никого не му личат добро.

Одбегнувајте ги хоризонталните линии

Ригите ќе направат да изгледате пошироко, па доколку ги носите, тоа нека биде на горниот дел од торзото, на тој начин ќе ги истакнете градите.

Колан

Кога станува збор за коланите, поголемиот дел од жените прават грешка. Коланот се носи исклучиво само на долниот дел од струкот. Доколку сакате да изгледате послабо широките колани се идеален избор.

Темни бои

Црната боја прави да изгледате послабо, па затоа практикувајте ја. Од друга страна доколку сакате да истакнете некој дел од телото, тогаш носете бело. Така, црните фармерки и белата кошула се идеална комбинација, за да изгледате потенко во долниот дел од телото, а пополни во горниот.

Носете штикли

Носењето на штикли во однос на рамни обувки, ви помага да ја издолжите вашата силуета.

Исправете се

Она што дефинитивно најмногу ќе ви помогне да изгледате послабо е држењето на телото. Исправете се и не се движете подгрбавено. Обидете се да го држите телото исправено дури и кога седите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар