Едноставна вежба која ќе ви помогне да ги урамнотежите вашите мисли кога се чувствувате депресивно

Едноставна вежба која ќе ви помогне да ги урамнотежите вашите мисли кога се чувствувате депресивно

Нормално дека не може секоја секунда од денот да ви биде исполнета со насмевки и сонце. Ќе се соочувате со многу предизвици и одвреме-навреме ќе се чувствувате лошо. Без тие падови не би ги ценеле успесите, така што не очајувајте ако понекогаш животот ви е тежок. Наместо тоа, кога ќе ви се случува нешто што не ви се допаѓа баш, запаметете дека можете и од тоа искуство да научите нешто и да созреете. Важно е да го урамнотежите вашиот ум, така што нема да ѝ дозволите на негативноста да доминира со вашето размислување.

Едноставна вежба која ќе ви помогне да ги урамнотежите вашите мисли кога ќе се чувствувате депресивно

Како да го направите тоа?

Ќе се изненадите од тоа колку е всушност едноставно. Идејата потекнува од психијатарот Виктор Франкл кој говорел за процесот „од волја до смисла“. Тој предлага наместо ние да очекуваме нешто од животот, да се запрашаме што очекува животот од нас.

Во нацистичкиот концентрационен логор тој бил сведок на човечката способност да пронајде смисла во животот, дури и во случај на најголема мака и патење. Тој го искористил неговото искуство за да изгради сопствен начин на психотерапија, позната како логотерапија.

Поентата е следнава: Треба да се обидете да ја сфатите смислата на секој момент во животот, без оглед на тоа дали искуството е негативно, неутрално или позитивно.

Трите магични збора кои ќе ви помогнат наредниот пат кога ќе почувствувате очај и пустош се: „Гледам смисла во…“

Откако ќе ги изговорите овие зборови, обидете се ја да завршите реченицата со тоа што ќе пронајдете смисла во вашата ситуација. Без оглед на тоа колку лошо ви изгледа целата ситуација, секогаш постои ронка позитивност скриена во секој момент. Сѐ што треба да направите е да ја пронајдете.

Овие три збора можат да ви помогнат да ги надминете мрачните времиња со кои се соочувате и подобро да го разберете планот што универзумот го има за вас.

Морате да се запрашате: „Во овој момент, додека се соочувам со овие предизвици, што очекува животот од мене?“

Понекогаш животот ќе очекува да бидете тажни и да тагувате поради вашата загуба, да почувствувате очај. Но, кога еднаш ќе сфатите дека постои смисла и во вашата мака, многу полесно ќе ја поднесете. Не ги заборавајте овие зборови и довршувајте ја реченицата секогаш кога ќе поминувате низ тежок период во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар