Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

По болното раскинување, нормално е сѐ уште да сте вљубени во вашиот поранешен партнер. Потребно е многу време да ја преболите саканата личност и да продолжите понатаму со нова. Но, психологот Џон Алекс Кларк ја открил техниката што ќе ви помогне да го одљубите оној кој ви го скршил срцето. Ова е возможно благодарение на психолошкиот концепт наречен класично условување.

Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

„Преболувањето на саканата личност е исто како да се откажувате од пушење цигари. Кога човек ќе одлучи да се откаже од некоја навика како што е пушењето, првите неколку дена се најтешки. За среќа, тоа станува полесно со текот на времето и со помош на многу трпение и вежбање“, напишал психологот Кларк.

По раскинувањето, секогаш ќе има нешто што ќе ве потсетува на вашиот поранешен партнер. Можеби ќе станува збор за место, храна, па дури и период од денот или годината. Бившите се дел од вашиот живот, така што нормално е да постојат работи што ќе ве потсетуваат на нив.

Кларк советува дека мора да ги уништите овие асоцијации ако сакате да се одљубите.

„Луѓето обично создаваат ментални врски помеѓу две искуства и ги поврзуваат едно со друго. Одредени ситуации или места можат да поттикнат емоционална реакција врз основа на минатите случувања“, објаснил Кларк.

Со други зборови, мора да ги уништите врските што постојат меѓу овие места, храна и периоди со сеќавањата за вашиот поранешен партнер. На пример, ако постојано сте оделе во некој ресторан заедно, по раскинувањето ќе ви биде тешко повторно да одите таму, бидејќи насекаде ќе ја гледате саканата личност. Наместо да бегате од ресторанот како од чума, мислете на добрата храна и пријатната атмосфера што ги нуди.

Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

„Со секое позитивно искуство што ќе го поврзете со некогаш болното сеќавање, страдањето ќе се намалува. Вашето ново убаво сеќавање ќе го заземе неговото место и постепено тоа нема повеќе да ве потсетува на бившиот“, тврди Кларк.

Правете ја оваа вежба редовно и со текот на времето болните чувства поврзани со тоа место ќе се намалат и ќе бидат заменети со позитивни.

Кларк е свесен дека техниката на класично условување не е лесна за секого, ниту ќе даде позитивни резултати по секоја цена. Мора да ја прифатите болката предизвикана од скршеното срце, но обидете се полека да ги кинете врските што постојат меѓу вашата поранешна љубов и одредени места и предмети.

„Колку повеќе го поттикнувате вашето страдање, толку подлабоко го туркате во вашата потсвест, поради што ќе ви биде многу потешко да го надминете тогаш кога ќе бидете подготвени да продолжите понатаму“, изјавил Кларк.

Прифатете ја болката и дозволете си да бидете тажни некое време. Но, евентуално ќе мора да продолжите понатаму. Ќе видите дека по краток период, љубовта што сте ја чувствувале за вашиот поранешен партнер ќе биде само едно далечно сеќавање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар