Едноставен трик што ќе ви го разлади виното без да ставите коцки мраз

Едноставен трик што ќе ви го разлади виното без да ставите коцки мраз

Сте решиле да организирате забава на отворено. Совршено сте ја средиле градината, сте приготвиле вкусна храна, сте поканиле многу пријатели и сте направиле пријатна атмосфера. Само едно нешто може да ја расипе ваквата прекрасна летна дружба: Голтката топло вино.

Едноставен трик што ќе ви го разлади виното без да ставите коцки мраз

Па, што да направите? Ако ставите коцки мраз, виното ќе се разводни и ќе го изгуби вкусот кога ќе се стопи мразот. За среќа, постои еден трик што ќе ви помогне да го разладите виното и да го зачувате неговиот вкус. Освен тоа, благодарение на овој трик, чашата вино ќе изгледа прекрасно!

Сѐ што треба да направите е да додадете замрзнато грозје во чашата. Тоа веднаш ќе го разлади пијалакот без да го разводни. Ставете повеќе зрна грозје во замрзнувачот и искористете ги како алтернатива за коцки мраз.

Ова е одлична идеја и можете да ја искористите и за црвено и за бело вино.

Едноставен трик што ќе ви го разлади виното без да ставите коцки мраз

Мразот е сосема во ред, но го развонува виното, а никому не му се допаѓа тоа. Замрзнатите зрна грозје го зачувуваат нивниот замрзнат сок и затоа доаѓа до сосема мало разводнување и менување на оригиналниот вкус“, објаснуваат винарите.

Најдобро е да ставите 2-3 замрзнати зрна грозје во чашата и да помешате малку. Веднаш ќе можете да го почувствувате ефектот!

Бонусот е тоа што откако ќе го испиете виното, а грозјето ќе се одмрзне, ќе можете да го изедете вкусното овошје.

Во продолжение погледнете како да отворите шише вино со клуч.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар