Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Симптомите на несоница се среќаваат кај 1/3 од општата популација. А, тоа може да доведе до многу сериозни последици. Затоа, важно е да се обратите внимание на тоа како заспивате и да се обидете да воспоставите спиење без прекини. Многу луѓе прибегнуваат кон лекови, но ние би сакале да ви предложиме поинаков начин за решавање на проблемот.

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Имено, оваа масажа на стапалата сигурно ќе ви помогне брзо да заспиете. Во продолжение прочитајте неколку техники кои ќе ви одземат многу малку време, но ќе ви овозможат одличен ноќен сон.

Мајкл Стивенс, рефлексолог, објаснува како сами да ги измасирате своите стапала во неколку чекори. Додадовме уште неколку техники кои може да ги комбинирате со советите од докторот.

Чекор 1

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Може да започнете од најгорниот дел од палецот. Масирајте ја оваа точка со кружни движења, а потоа малку притиснете и почекајте неколку секунди.

Чекор 2

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Масирајте го ножниот палец започнувајќи од страната на прстот и движете се од неговото дно кон врвот. Потоа одете до центарот, па кон другата страна на прстот. Повторете ги движењата најмалку трипати.

Чекор 3

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Масирајте го горниот дел од стапалото. Движете се нагоре кон прстите, притискајќи врз сите делови од долниот дел на стапалото. Повторете го и овој чекор неколкупати.

Чекор 4

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Масирајте го средниот дел од стапало. За да го направите тоа, притискајте со палецот од едниот до другиот крај по неговата ширина, со кружни движења. Повторете го и ова најмалку трипати.

Чекор 5

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Масирајте го централниот дел  од стапалото употребувајќи го палецот, со кружни движења. Потоа, притиснете ја обележаната точка и држете неколку секунди.

Чекор 6

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Нежно повлечете го секој прст нагоре. Започнете со најголемиот прст и движете се кон најмалиот. Повторете ја вежбата неколкупати. Може, исто така, да го масирате и делот помеѓу прстите.

Чекор 7

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Треба да ја пронајдете највисоката точка од вашиот глужд од внатрешната страна на ногата. Потоа пресметајте широчина од 4 прсти од оваа точка нагоре. Притиснете зад коската и масирајте со кружни движења околу 5 секунди. Бремените жени треба да ја избегнуваат оваа точка на притисок.

Чекор 8

Еден рефлексолог споделува 2-минутна масажа на стапалата што може да ви помогне да заспиете како бебе

Легнете на грб и свиткајте ги колената. Земете го стапалото во рака и опфатете го со прстите. Ќе почувствувате вдлабнатина на дното од стапалото. Притиснете ја оваа точка и масирајте ја со кружни движења. Повторете ја масажата и со другото стапало.

Можеби сакате да откриете и што е кинеска самомасажа и зошто е толку популарна во последно време?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар