Еден од нашите омилени зачини кога се работи за пица, а можеби не сме свесни за неговите лековити својства!

Еден од нашите омилени зачини кога се работи за пица, а можеби не сме свесни за неговите лековити својства!

Покрај тоа што е многу вкусен и еден од нашите омилени зачини, ориганото исто така има многу различни придобивки за здравјето на нашето тело.

Еден од нашите омилени зачини кога се работи за пица, а можеби не сме свесни за неговите лековити својства!

Како што пишува Medical News Today, има неколку придобивки од редовното консумирање на овој зачин, кој најчесто се става на пица или се користи при подготовка на сос за тестенини.

Најновото истражување покажало дека ориганото содржи големи количини на антиоксиданси кои меѓу другото придонесуваат за заштита на нашиот организам од разни болести.

Од античко време, луѓето го користеле ориганото во хербалната медицина за лекување на многу болести, вклучувајќи рани на кожата, болки во мускулите, астма, варење и симптоми на настинка. Покрај тоа, ориганото има и други придобивки за нашето здравје:

  • има антиинфламаторно дејство,
  • го забрзува метаболизмот и го поттикнува намалувањето на тежината,
  • го намалува апетитот,
  • го намалува ризикот од рак,
  • го намалува крвниот притисок.

Диететичарите исто така нагласуваат дека соединенијата во ориганото можат да помогнат во справувањето со дијабетес тип 2.

Истражувањата покажале и дека редовното консумирање на оригано може да ја подобри отпорноста на инсулин, да ги регулира гените кои влијаат на метаболизмот на мастите и јаглехидратите и да влијае на регенерацијата на оштетеното ткиво на црниот дроб или бубрезите.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар