Џузепе Заноти: Колекција пролет/лето 2014
Автор: Ана Петровиќ
Како дизајнер кој секогаш носи новитети на модната сцена, Џузепе Заноти не отстапува од препознатливиот дизајн и квалитетните материјали кои ги користи при изработка на своите чевли. Но, прашањето кое се отвора е – како да се остане доследен на себеси, а сепак од него да произлезе нешто уникатно и подеднакво привлечно?
Овој одличен италијански дизајнер пронајде иновативен начин да го одржи балансот помеѓу модерните и традиционалните вредности кога е дизајнот и квалитетот во прашање. Неколку ефектни детали и нови бои се главните карактеристики на новата колекција, наменета за жени со цврст став.
Преку неа, Џузепе им порачува на жените да не се откажуваат од своите стандарди и животни цели, но им препорачува и да ја задржат онаа елегантна страна која ја претвора секоја жена во модерна Пепелашка.
Уживајте во фантастичните детали и неприкосновениот дизајн, која ја нуди Џузепе Заноти за оваа пролет/лето 2014.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.