Дури и без венчаница: 12 (не)обични комбинации во кои се венчале славните дами
Кога помислуваме на свадбите на славни личности, обично прво ги замислуваме прекрасните венчаници на дамите.
Сепак, постојат и познати дами кои се венчале во поедноставни модели на фустани. Актерката Кира Најтли го изговорила судбоносното „да“ со музичарот Џејмс Рајтон во 2013 година. Парот се одлучил за мала цивилна церемонија што се одржала во Франција.
Едноставната свадба била проследена и со едноставен код на облекување. Кира се омажила во „миди фустан“ од модната куќа Шанел, која за првпат го носела во 2008 година, пред доделувањето на наградата BAFTA на забава на која присуствувала со тогашниот партнер, актерот Руперт Френд. По свадбата, таа го носела овој фустан на црвениот тепих во неколку други прилики.
Амал Клуни ги воодушевила модните критичари со нејзиниот избор за цивилната венчавка во Венеција. Адвокатката се омажила со Џорџ Клуни во елегантен бел комплет со темносини детали и шешир во истите нијанси.
Една од најлегендарните комбинации за венчавка е секако онаа што Бјанка Џегер ја носела во 1971 година. Таа се омажила за Мик Џегер во 1971 година во долго бело здолниште, сако и голем шешир, а нејзиниот избор се нашол на списокот на списанието „Vogue“ со најдобрите венчаници на сите времиња.
Погледнете ги и преостанатите фотографии од славните личности и нивните „необични венчаници“.
Можеби сакате да прочитате и за Дизни кој ја создаде првата колекција венчаници инспирирана од нивните принцези.