Драги жени, вие сте убави
Драги жени, се надеваме дека ова утро ќе се разбудите и ќе му се насмеете на вашиот одраз во огледалото. И тоа не затоа што сте совршени, не затоа што сте сфатиле сè и вашиот живот е среден, не затоа што никогаш не правите грешки, туку затоа што ќе сфатите дека не постои ниту една единствена душа на Земјата која изгледа, размислува, чувствува и љуби како вас.
А тоа е прекрасно.
Лицето кое гледа во вас можеби има дамки. Кожата може да е со брчки, изморена, бледа. Може да има мозолчиња, гребнатини, лузни. Може да има темни кругови околу вашите очи или пак остатоци од вчерашната шминка. Може да има тага која зборува зад вашата насмевка.
Можеби не го сакате она што го гледате, и тоа е во ред. Животот е бескрајна битка за љубовта кон себе, патување за наоѓање и редефинирање себеси. И без разлика дали успевате или не според стандардите на светот, тоа не ја одредува вашата вредност.
Вие нема да го прославувате секој момент, нема постојано да зрачите со самодоверба и радост, а ова не значи дека ги немате тие работи, тоа значи дека сте човек. Она што е важно е дека ќе продолжите да се движите, да се обидувате, да верувате дека заслужувате љубов бидејќи тоа е вистина.
Несовршеноста нема да го промени тоа.
Можеби сте високи или ниски, слаби или со облини, диви или нежни, сингл или во врска. Но ова се само описи, тие не кажуваат кои сте. Без разлика дали сакате да пеете или уживате во градинарство, камиони или лакирање на вашите нокти, ова се работите кои ве прават вас. Но тие не ја дефинираат личноста којашто сте.
Драги жени, се надеваме дека кога ќе се облечете се чувствувате удобно наместо да размислувате што би сакал некој друг. Се надеваме дека правите фотографии (или не) без постојано да се споредувате со други луѓе на екранот. Се надеваме дека готвите или цртате затоа што сакате, без разлика што ви вели некој. Се надеваме дека знаете да се третирате како пријател, пријател кој го тешите и охрабрувате бидејќи знаете колку сте неверојатни.
Се надеваме дека ќе престанете да им дозволувате на неуспешните врски да ве дефинираат. Се надеваме дека знаете дека начинот на кој ве третира некој не треба да ви стане белег. Се надеваме дека ќе се ослободите од луѓето кои прават да се чувствувате како да не сте доволно вредни. Се надеваме дека си кажувате позитивни зборови сè додека не почнете да верувате во нив.
Вие сте вредни. Вие сте сакани. Вие сте силни.
Драги жени, се надеваме знаете дека убавината не е нешто што може лесно да се дефинира. Убавината се наоѓа во начинот на кој се смеете, начинот на кој ги следите вашите страсти, начинот на кој ширите љубов, начинот на кој работите напорно и не се откажувате дури и кога не сакате.
Можеби нема да успеете, можеби ќе се скршите, можеби ќе направите грешка, ќе изгубите работа, ќе имате неуспешен брак, ќе ви го скршат срцето. Но, ниту едно од овие нешта не се вашиот идентитет.
Токму ова ве прави убави. Фактот дека нема ниту една личност на планетата која е како вас – несовршена, комплексна, несредена, прекрасна.
Прочитајте ги и овие моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат!